Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири-Нухиу: Заеднички градиме квалитетно образование за успешна иднина на децата и младите

Шаќири-Нухиу: Заеднички градиме квалитетно образование за успешна иднина на децата и младите

 

Шаќири-Нухиу: Заеднички градиме квалитетно образование за успешна иднина на децата и младите

 

 

Националниот систем на образование е во процес на темелни реформи, што можеме успешно да го реализираме само со залагање на сите чинители. Предизвиците се бројни но, заедничкиот ангажман води кон постигнување поквалитетно образование, што е наш приоритет, рече министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со новиот заменик министер за образование и наука Агим Нухиу.

 

 

Министерот и заменикот се согласија дека модернизирањето на воспитно-образовниот систем во согласност со европските трендови нема алтернатива, затоа што градењето човечки ресурси подготвени за предизвиците на 21 век е основниот фактор за напредок на општеството.

 

 

Заменик министерот Нухиу нагласи дека се вклучува во создавањето систем на образование кој ќе им овозможи на децата и младите да стекнат знаења, способности и вештини што ќе им обезбедат успешната иднина ним и на општеството во целина.  

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar