Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Летен курс за германски јазик и култура во Австрија (7-25 август 2023 година)

Летен курс за германски јазик и култура во Австрија (7-25 август 2023 година)

 

Дипломатската академија во Виена известува за можноста за учество на  „Летен курс за германски јазик и култура во Австрија“, кој ќе се одржи од 7 до 25 август 2023 година во Виена.

            Програмата е висококвалитетна и разновидна, во траење од 4 недели и ги опфаќа посебните потреби и интереси на возрасните ученици (минимум 18 год.) од целиот свет и тоа:

 

1.     Интензивна обука на германски јазик (од почетно до напредно ниво);

2.     Предавања за австриската политика, историја и култура;

3.     Екскурзии во национални и меѓународни организации, како и културни институции во Виена;

4.     Истражувачки проекти во градот со цел да им се даде можност на учесниците потемелно да ја за запознаат Виена;

5.     Слободни активности.

  

Информации  и детали за пријавување можат да се најдат на следниов линк:

https://www.da-vienna.ac.at/en/

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar