Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Министерот Шаќири му посака на младиот Исмаили уште многу титули во модерен танц

Министерот Шаќири му посака на младиот Исмаили уште многу титули во модерен танц

 

Министерот Шаќири му посака на младиот Исмаили уште многу титули во модерен танц

 

Младиот гостиварец Анди Исмаили, неколкукратен светски шампион во модерен танц му вети на министерот за образование и наука Јетон Шаќири дека во иднина ќе освои уште многу титули. На денешната средба тој се потсети на некои од најинтересните моменти од светските натпревари, на кои веќе неколку години докажува дека е вонсериски талент.  

 

„Танцот е мојот живот. Многу сакам да танцувам и не ми е тешко напорно да вежбам. Секако дека е точно оти сами себе сте си  најголем конкурент. И затоа секогаш си повторувам: ,Hard work makes the dream work`“, вели Исмаили, заблагодарувајќи им се и на своите тренери за сите досегашни успеси.  

 

Посакувајќи му да биде истраен и да продолжи да ги осварува своите соништа, министерот Шаќири нагласи дека Министерството е секогаш отворено за младите, го слуша нивниот глас и е фокусирано на нивните потреби. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar