По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик/Денот на лингвистичка и културна разновидност и повеќејазичност 21 февруари, Министерството за образование и наука распишува
КОНКУРС ЗА ЕСЕЈ
За учениците од основните училишта
На тема
„Мојот јазик - мост помеѓу мене и тебе”
I. УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО
Право на учество на конкурсот имаат учениците од шесто до деветто одделение од основните училишта на територијата на Република Северна Македонија.
II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Есејот треба да биде оригинален, со силен израз и мисла која ја отсликува горенаведената тема на конкурсот.
Есејот треба да биде со читлив и јасен ракопис, напишан на јазикот на кој ученикот ја следи наставата во училиштето (македонски јазик, албански јазик, турски јазик, босански јазик и српски јазик) или на англиски јазик.
Есејот треба да има од 200 до 300 зборови.
На крајот на есејот потребно е ученикот да напише порака на зададената тема на јазик различен од јазикот на кој ја следи наставата.
Еден ученик може да испрати само еден индивидуален авторски труд.
Есеите кои не ги задоволуваат критериумите или се со непримерна содржина ќе бидат веднаш дисквалификувани.
Есејот се испраќа во плик до Министерството за образование и наука. На есејот треба да стои шифра и во посебен внатрешен плик означен со истата шифра да бидат доставени податоците за ученикот (име и презиме, одделение, училиште, општина и контакт телефон од родител/старател). Посебниот внатрешен плик ќе биде отворен само за наградените есеи по извршениот избор.
Есејот заедно со пликот со податоци за ученикот кој го напишал есејот се доставува со следнава назнака „За конкурс за есеј на тема - „Мојот јазик - мост помеѓу мене и тебе” .
Есеите потребно е да се испратат најдоцна до 15-ти февруари 2023 година, до Министерство за образование и наука на следнава адреса: ул. „Св.Кирил и Методиј“ бр. 54 , 1000 Скопје.
III. НАЧИН НА ИЗБОР
За избор на најдобрите есеи, Министерството за образование и наука ќе формира комисија за секој од наставните јазици, составена од пет членови.
Есеите ќе се избираат од комисија за соодветниот наставен јазик.
IV. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ
Министерот за образование и наука ќе додели пригодни награди само за учениците кои ќе освојат прво место во секој од наставните јазици. За учениците кои ќе освојат второ и трето место ќе им се доделат признанија.
Министерството за образование и наука на 25 февруари 2023 година на својата веб страница (www.mon.gov.mk) ќе ги објави наградените трудовите со шифрите.