Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Денес започнува исплатата на студентските стипендии и субвенционираниот оброк

МОН: Денес започнува исплатата на студентските стипендии и субвенционираниот оброк

 

Министерството за образование и наука ги известува корисниците на студентски стипендии и субвенциониран студентски оброк, дека од денес започна исплатата на финансиските средства.

Согласно податоците 3415 студенти ќе добијат средства за четири месеци, односно ќе бидат исплатени стипендиите за месеците октомври, ноември, декември 2022 година и за месец јануари оваа година.

Корисниците на правото за субвенциониран студентски оброк, односно 28986 студенти, исто така во текот на идната недела ќе добијат средства за минатиот месец, односно за декември 2022 година.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar