Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Политиките на МОН се насочени кон најдобрите интереси на младите и јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард

Политиките на МОН се насочени кон најдобрите интереси на младите и јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард

 

Политиките на МОН се насочени кон најдобрите интереси на младите и јакнење на ученичкиот и студентскиот стандард

 

 

Унапредувањето на ученичкиот и студентскиот стандард е еден од клучните приоритети на Министерството за образование и наука, при што особено се води грижа за обезбедување на подобри услови за сместување и престој во студентските домови. Во таа насока, по низа реконструкции на ученичките домови, започнаа и подготвителните активности за спроведување на најкрупниот инфраструктурен проект поврзан со државните студентски домови  кој предвидува нивна целосна обнова и трансформирање во енергетски ефикасни објекти, за што ќе се вложат 25 милиони евра. Станува збор за реконструкција на вкупно 8 објекти во кои ќе се подобри основната удобност и структурниот интегритет.

Оваа информација беше споделена од делегација на МОН предводена од шефот на кабинетот на министерот, Агим Шаќири, која учествува на тридневна меѓународна конференција на ученичките и студентските домови во Југоисточна Европа, што се одржува во Белград, Република Србија, под наслов „Предизвици во работењето – со дијалог до напредок“.

 

 

Појаснувајќи го начинот на функционирање и финансирање на домовите, претставниците на МОН посочија дека конференцијата е од исклучително значење министерството под чија надлежност се ученичките и студентските домови, бидејќи токму на вакви поголеми настани и со учество на претставници на повеќе земји, може да се сподели и слушне нечие искуство кое може да помогне во подобро менаџирање на работата на овие установи.

На конференцијата беше посочени дека Министерството за образование и наука во соработка со здруженија на млади и здружението на ученички и студентски домови работи на подготовка на нов закон за младински стандард со кој, меѓу другото, ќе се реформира начинот на финансирање на ученичките и студентските домови и ќе се подобри стандардот на младите во нашата држава.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar