Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за учениците од основното образование на тема „Светот кој го сакам во 2023 година“

Конкурс за учениците од основното образование на тема „Светот кој го сакам во 2023 година“

 

По повод Новогодишните празници, Министерството за образование и наука распишува

 

КОНКУРС

за учениците од основното образование на тема

„Светот кој го сакам  во 2023 година“

 

I.УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО

Право на учество имаат сите ученици од прво до деветто одделение од основните училишта на територијата на Република Северна Македонија.

Конкурсот се објавува за натпревар во цртање и критичко размислување низ цртеж.

 

 

II. НАЧИН И РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

Творбите треба да бидат оригинални, плод на трудот и знаењето на ученикот, инспирирани од предизвиците на учењето во тековната учебна 2022/2023 година.

Конкурсот се објавува за натпревар во цртање во три категории и тоа:

 

Прва категорија за учениците од прво до трето одделение;

Втора категоријаза учениците од четврто до шесто одделение;

Трета категоријаза учениците од седмо до деветто одделение;

 

Форматот на цртежот  треба да биде блок А4.

Еден ученик може да испрати само по еден индивидуален авторски ликовен труд во само една категорија, соодветна на одделението во кое учи ученикот.

Творбата на ученикот се испраќа во затворен плик. На творбата од ученикот треба да стои шифра, одделение и категорија за која конкурира ученикот. Во посебен внатрешен плик означен со истата шифра на ученикот да бидат доставени податоците на ученикот (име и презиме, одделение во кое учи ученикот, училиште, општина и контакт телефон од родителот/старателот). Внатрешниот плик со податоците на ученикот ќе биде отворен само за наградените творби по извршениот избор во категориите.

Творбата заедно со пликот со податоците за ученикот кој ја изработил, треба да биде доставена најдоцна 10 дена од објавувањето на конкурсот, во затворен плик со следната назнака: „За Конкурс за ученици од основното образование за учениците од основното образование на тема „ Светот кој го сакам  во 2023 година “,

на следната адреса: Министерство за образование и наука, ул.„Кирил и Методиј“ бр. 54 1000 Скопје.

     

 

III.НАЧИН НА ИЗБОР

За изборот на најдобрата творба во секоја од наведените категории, Министерството за образование и наука ќе формира комисија составена од пет (5) члена.

 

IV. ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИ

Се доделуваат вкупно трипригодни награди за секоја од категориите, само за освоено прво место за најдобра творба во соодветната категорија.

Министерството за образование и наука ќе ги објави имињата на наградените ученици на својата веб страница www.mon.gov.mk,  најдоцна до 31 декември 2022 година.

Наградените учесници ќе бидат поканети на средба во Министерството за образование и наука,  каде ќе им биде врачена наградата.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar