Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Континуирано се унапредуваат правата на учениците со попреченост, училиштата стануваат инклуивна средина во која сите се еднакви

Континуирано се унапредуваат правата на учениците со попреченост, училиштата стануваат инклуивна средина во која сите се еднакви

 

Континуирано се унапредуваат правата на учениците со попреченост, училиштата стануваат инклуивна средина во која сите се еднакви

 

 

Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година содржи бројни активности за кои надлежноста е на Министерството за образование и наука, а нивна цел е да се одржи континуитетот на унапредување на правата на младите во рамки на воспитно – образовниот систем и училиштата да станат инклузивна средина во која сите се еднакви.

 

Ова беше потенцирано на денешниот настан организиран во Владата на Република Северна Македонија по повод 3ти Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, на кој беше промовирана нацрт верзија на Стратегијата која ги отсликува визијата и приоритетите на сите надлежни институции со цел подобрување на условите за живот на лицата со попреченост во сите општествени сфери.

 

 

МОН ќе продолжи и во иднина да се фокусира на подобрување на пристапноста на образовната инфраструктура и во таа насока беше посочено дека веќе од следната година започнува реконструкцијата на 118 основни училишта во државата во кои, покрај повеќе други градежни зафати ќе се изведуваат и пристапни рампи и ќе се адаптираат тоалети за ученици со посебни потреби.

 

Продолжува и ангажирањето на образовни асистенти во основните, а наскоро, по усвојување на Законот за средно образование и во средните училишта, кои е обврска на државата, а не товар на родителите.

 

Новите наставни програми кои се изработуваат во рамки на реформата на основното образование содржат компоненти кои насочуваат на инклузивност, почитување на различностите, толеранција и прифаќање на секој поединец од опкружувањето и средината во која живее и учи.

 

За потсетување, од минатата година МОН го зголеми месечниот износ на стипендии за ученици со попреченост во средните училишта, за 27%.

 

Нацрт верзијата на Националната стратегија за правата на лицата со попреченост 2023-2030 година е изработена од Националното координативно тело за имплементација на Конвенцијата на ООН за правата на лица со попреченост и Министерството за труд и социјална политика, со поддршка на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ).

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar