Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Честитки до новото раководство на Државниот универзитет во Тетово, да продолжат со успешната едукација на квалитетни кадри

Шаќири: Честитки до новото раководство на Државниот универзитет во Тетово, да продолжат со успешната едукација на квалитетни кадри

 

Шаќири: Честитки до новото раководство на Државниот универзитет во Тетово, да продолжат со успешната едукација на квалитетни кадри

 

Да продолжат со развојот и издигнувањето на Државниот универзитет во Тетово им посака Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на новоизбраниот ректор проф. д-р Куштрим Ахмети и на претседателот на Сенатот на Универзитетот проф. д-р Вулнет Амети, на средбата во Министерството за образование и наука, на која присуствуваше и генералниот секретар Адем Беадини.

„Тетовскиот универзитет е прва  формирана  високообразовна установа каде наставата се изведува на албански јазик, а со своето речиси тридецениско работење успеа да се етаблира како  еден од столбовите на високото образование во земјата. Верувам дека новото раководство ќе продолжи со ентузијамот во академското издигнување генерации студенти, кои потоа ќе придонесуваат во развојот на државата и ќе бидат носители на просперитет и благосостојба“, рече министерот Шаќири.

На средбата беа разменети мислења за повеќе прашања, меѓу кои и за научно-истражувачките проекти кои се реализираат на Универзитетот. За барањата за унапредувања на наставниот и другиот кадар, министерот Шаќири посочи дека се разгледуваат можностите со Министерството за финансии и дека таму каде што има издржани барања има можности за реализација. Во врска со вклучувањето во наставниот процес на докторите од Тетовската клиника, изнајден е модалитет и истото прашање во скоро време треба да се реши.

[ петок, 02 декември 2022 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar