Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Конкурс за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS мрежите за академската 2023/2024 година

Конкурс за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS мрежите за академската 2023/2024 година

 

Централноевропска програма за размена  во областа на  универзитетски студии

   (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува:

 

КОНКУРС

за партиципација на високообразовните установи

во CEEPUS мрежите за академската 2023/2024 година

 

 

Република Северна Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија  и Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS III - Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат, како координатори или партнери, во CEEPUS III универзитетските мрежи од различни области. CEEPUS мрежата ја сочинуваат најмалку три држави членки на CEEPUS програмата, при што еден член ја има улогата на координатор на мрежата. Координаторите и партнерите на мрежите можат да бидат високообразовни установи и нивните придружни членки.

Програмата има за цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар, и соработка и развивање на заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree).

 

Единствен начин е online аплицирање на www.ceepus.info.

 

Крајниот рок за аплицирање е 15 јануари 2023 година .

 

За подетални информации обратете се во Националната CEEPUS канцеларија при Министерството за образование и наука, на контакт телефон    02/ 3140185 или на e-mail: olga.dukovska@mon.gov.mk.

Линк: Подетални информации за начинот на пријавување:

https://www.ceepus.info/files/2022/guideline_NW_applicationround_23_24.pdf

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar