Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година

Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година

 

Врз основа на член 49 став 5 од Законот за студентскиот стандард (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 15/13, 120/13, 41/14,146/15, 30/16, 178/16 и 64/18, 20/19 и “Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.124/19, 248/20 и 302/20 ) и Решението за распишување на Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската  2022/2023  година бр.              од             година, Министерството за образование и наука, распишува

 

 

КОНКУРС

за доделување стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година

 

 

Министерството за образование и наука за студиската 2022/2023 година со конкурсот ќе додели вкупно 135 стипендии на редовни студенти Роми запишани на студии од прв циклус на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македoнија.

 

     I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Право на стипендија имаат студентите запишани на студии од прв циклус кои студираат на јавните и приватните високообразовните установи во Република Северна Македонија и кои ги исполнуваат следните услови:

1.Да се припадници на Ромската етничка заедница;

2.Да се државјани на Република Северна Македонија;

3.Да не се корисници на стипендија од други установи, институции или компании.

 

II.КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТСКА СТИПЕНДИЈА ЗА СТУДЕНТИ РОМИ

Стипендиите за студенти Роми ќе се доделат согласно следните критериуми:

1. Постигнатиот среден успех на кандидатот од сите години од средното образование, за студентите кои се запишани во прва година на студии;

2. Постигнатиот среден успех од сите претходни студиски години за студентите кои студираат во сите останати години;

3. Да се редовни студенти на некој од јавните или приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2022/2023 година;

4. Предност при селекција ќе имаат студентите Роми кои студираат на јавните или приватните факултети во Република Северна Македонија кои образуваат наставен кадар.

Студентите кои во студиската 2021/2022 година биле корисници на стипендија од Министерството за образование и наука, а не запишале нареден семестар или повисока студиска година, немаат право на стипендија во академската 2022/2023 година.

 

III.        ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата изнесува 5000 денари месечно за девет месеци во текот на една студиска година.

 

IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Студентите кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk

од 24.11.2022 до 9.12.2022 година.  Потребните документи за

аплицирање се следните:

 

A)        За студенти запишани во прва студиска година потребни се следните документи:

3. Потврда за редовен студент во студиската 2022/23;

4. Скенирани оргинални свидетелства од сите 4 години од средно образование

8. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

9. Трансакциска сметка на име на студентот.

 Б) За студентите од сите останати студиски години, потребни се следните документи:

3. Потврда за редовен студент во студиската 2022/23;

4. Скениран индекс;

5. Уверение за положени испити;

9.Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

10.Трансакциска сметка на име на студентот.

Некомплетно пополнета апликација нема да се разгледува во процесот и истата нема да влезе во конкуренција со останатите кои се пријавиле на конкурсот.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar