Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2022/23 година

Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2022/23 година

 

Јавен повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2022/23 година

 

Врз основа на Законот  за субвенциониран студентски оброк („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/2020, 150/2021 и 251/22) и Правилникот за формата и содржината на изјавата за точност на внесените податоци и  за формата и содржината на образецот на пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 299/20 и 164/21), Министерството за образование и наука распишува

 

ЈАВЕН ПОВИК

за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2022/23 година

 

Се повикуваат сите студенти кои ги исполнуваат следните услови да се пријават на јавниот повик за остварување на правото на субвенциониран оброк

1.    Кои се државјани на Република Северна Македонија;

2.    Кои се редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети:

3.    Кои не се во редовен работен однос;

4.    Кои не се регистрирани како индивидуални земјоделци и

5.    Кои немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.

 

I. Начин на пријавување

 

Кандидатите треба да се пријават електронски на следниот линк: https://e-uslugi.mon.gov.mk/. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците Пријава за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и Изјава за точност на внесените податоци  во пријавата за стекнување со право на субвенциониран студентски оброк и потпишани да ги прикачат кон електронската апликација на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ преку која се пријавуваат за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк.

Насоки за внесување трансакциска сметка при пријавување за субвенциониран студентски оброк. 

Секој кандидат може да ја провери поднесената пријава, во електронската апликација во менито „Мои апликации“.

За помош при аплицирањето погледнете го следното видео: ВИДЕО (начин на аплицирање)

 

 

Министерството за образование и наука по службена должност ги обезбедува доказите од надлежните институции (МВР, АВРМ, УЈП и студентските служби на факултетите), а кои се однесуваат на условите за пријавување за остварување на правото на субвенциониран оброк за секој кандидат поединечно.

 

II. Рок за пријавување

 

Рокот за пријавување за тековните студенти е од 25 ноември до 3 декември 2022 година.

По истекувањето на роковите за пријавување Министерството за образование и наука ќе го извести секој кандидат за статусот на пријавата по електронски пат.

 

 

III. Останати информации

 

Студентскиот субвенциониран оброк се исплаќа на трансакциските сметка на студентот кој го остварил правото на студентски субвенциониран оброк и тоа на месечна основа, а во износ кој е еднаков на 120 денари на ден за секој работен ден во месецот освен за државни, верски празници и неработни денови. Правото за субвенциониран студентски оброк корисникот не може да го остварува во периодот од 1 јули до 14 септември во годината во која се стекнал со правото на субвенционирање на студентски оброк.

 

Министерството го испишува лицето од евиденцијата на корисници на субвенциониран студентски оброк кога ќе утврди дека повеќе не ги исполнува условите за користење на субвенциониран студентски оброк.

 

По извршената проверка на податоците за студентите кои ги исполнуваат условите од јавниот повик исплатата ќе се врши ретроактивно за периодот кој почнува од 15 септември па натаму сé додека студентот ги исполнува условите согласно овој јавен повик.

 

За сите прашања поврзани со пријавувањето на корисниците за субвенциониран студентски оброк, Министерството за образование и наука обезбеди поддршка преку Секторот за ученички и студентски стандард и тоа на следниот контакт: subvencioniran.obrok@mon.gov.mk  или во наменската канцеларија на приземјето во зградата на Министерството.

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar