Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Средба Шаќири-Бун: Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности

Средба Шаќири-Бун: Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности

 

Средба Шаќири-Бун: Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности

 

 

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска во резиденцијата на Амбасадата на Франција во Скопје, оствари работна среда со Француската државна секретарка за Европа, г-ѓата Лоранс Бун и дипломатскиот претставник во земјава г-динот Сирил Бомгартнер.

 

Соговорниците за време на состанокот ја истакнаа досегашната успешна соработка во областа на образованието, при што министерот Шаќири изрази благодарност до француската Влада и народ за поддршката која ја добива земјава во процесот на интеграција во Европската Унија.

 

 

- Франција е важен сојузник на Северна Македонија во приближувањето кон европските образовни вредности. Покрај поддршката која ја добиваме во имплементација на реформите, со државната секретарка г-ѓата Бун и амбадасадорот Бомгартнер, дискутиравме и за изучувањето на францускиот јазик на сите нивоа на образованието, неговото зајакнување во образовниот процес, бидејќи јазикот е патоказ кој најдобро може да зближи две различни култури и традиции, истакна Шаќири.

 

 

Успешната соработка помеѓу двете земји, неодамна беше потврдена и на Саемот на студии во Франција, каде традиционално голем број високообразовни институции од Француската Република ги претставуваат своите програми и преку кој голем број македонски студенти се одлучуваат да го продолжат своето образование во една од најразвиените земји во Европа.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar