Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: оваа и следна недела печатење и испорака на најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение на сите наставни јазици

МОН: оваа и следна недела печатење и испорака на најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение на сите наставни јазици

 

МОН: оваа и следна недела печатење и испорака на најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение на сите наставни јазици

 

 

Министерството за образование и наука информира дека оваа и следната недела ќе испечатат и испорачаат најголем дел од новите учебници за прво, второ, четврто и петто одделение,. Станува збор за над 20 учебници за кои нема жалбени постапки, по наставни предмети во прво, второ, четврто и петто одделение и тоа на сите јазици на кои се изведува наставата во основните училишта во државата, односно на македонски, албански, турски, српски и босански јазик.

 

Потсетуваме дека нивната изработка следеше по креирањето на нови наставни програми за овие одделенија, согласно планот за етапна реформа на основното образование. Во меѓувреме, за учениците беа набавени квалитетни наставни материјали кои ја обработуваат материјата за првото тримесечје, за да можат да работат за време на часовите и да го повторуваат совладаното по завршување на часовите.

 

МОН заедно со другите надлежни институции ќе продолжи да вложува во изработка на нови наставни програми и учебници, затоа што тоа е еден од основните услови за квалитетна едукација, односно воспитно – образовен процес.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar