Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 226/22), и Решението за распишување Конкурс за доделување 500 (петстотини) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година бр.19-13008/1 од 27.10.2022 година, министерството за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
за доделување 500 (петстотини) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година
Министерството за образование и наука ќе додели 500 (петстотини) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:
1- Да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија;
2- Да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3.00 во досегашното образование;
3- Да не повторувале година во текот на образованието;
4- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5- Да се државјани на Република Северна Македонија.
Критериум за доделување на стипендиите e постигнат успех.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука. од 28.10.2022 до 13.11.2022 година, од 09-15 часот.
Потребните документи за доставување се следните:
1.Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;
2.Потврда дека е редовен ученик во учебната 2022/2023 година;
3. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (кандидатите кои аплицираат електронски, да прикачат скенирани оригинални свидетелства)
4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет страницата на Министерството;
5. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити, објавена на интернет страницата на Министерството;
6. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет страницата на Министерството;
7. Трансакциска сметка на име на ученикот;
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.
Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 15.12.2022 година на интернет страницата на Министерството.
Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 30.12.2022 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.
IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци во годината за времетраењето на учебната година 2022/2023.