Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување 240 (двесте и четириесет) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичката струка, електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка и текстилно-кожарска струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година

Конкурс за доделување 240 (двесте и четириесет) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичката струка, електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка и текстилно-кожарска струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година

 

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 226/22), и Решението за распишување Конкурс за доделување 240 (двесте и четириесет) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичката струка, електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка и текстилно-кожарска струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година, бр. 19-13011/1 од 27.10.2022 година, министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување 240 (двесте и четириесет) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичката струка, електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка и текстилно-кожарска струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година

 

Министерството за образование и наука ќе додели 240 (двесте и четириесет) стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичката струка, електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка и текстилно-кожарска струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година, и тоа не следен начин:

 

А) Угостителска струка: 20 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско - туристичката струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година;

Б) Електро-техничка струка: 100 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од електро-техничка струка, односно сектор електро-техника од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година;

В) Градежно – геодетска струка: 40 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година;

Г) Земјоделско – ветеринарна струка: 40 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од земјоделско-ветеринарна струка, односно сектор земјоделство, рибарство и ветеринарство од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година;

Д) Машинска струка: 20 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од машинска струка, односно машински сектор од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година;

Ѓ) Текстилно – кожарска струка: 20 стипендии за ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од текстилно-кожарска струка, односно сектор текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2022/2023 година;

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:

1- Да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичката струка, електро-техничка струка, градежно-геодетска струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка и текстилно-кожарска од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;

2- Да имаат постигнато минимум континуиран многу добар успех во досегашното образование;

3- Да не повторувале година во текот на образованието;

4- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;        

5- Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-Постигнатиот успех од досегашното образование.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука. од 28.10.2022 до 13.11.2022 година, од 09-15 часот.

 

Потребните документи за доставување се следните:

1.Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;

2.Потврда дека е редовен ученик во учебната 2022/2023 година;

3.Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (за учениците од прва година, свидетелства од VI-IX одделение); (кандидатите кои аплицираат електронски, да прикачат скенирани оригинални свидетелства)

4.Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет страницата на Министерството;

5.Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити, објавена на интернет страницата на Министерството;

6.Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет страницата на Министерството;

7.Трансакциска сметка на име на ученикот.

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонијабр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

-Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 15.12.2022 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 30.12.2022 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната година 2022/2023.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar