Министерство за образование и наука

  / Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК / Активности на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ финансиран од Европската Унија, MK IPA 17 SO 01 21 во текот на месец јуни, 2022

Активности на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка за квалификации“ финансиран од Европската Унија, MK IPA 17 SO 01 21 во текот на месец јуни, 2022

 

Градење на капацитети

Во периодот од 30ти мај до 03ти јуни 2022 година, беше одржана обука во времетраење од 1,5 ден во склоп на Активност 1.1.4 „Обука на вработени преку практичен трансфер на знаење и искуство за ЕКАВЕТ поврзано со ЕЦВЕТ за релевантни институции кои вршат спроведување на процесите“ во просториите на Клубот на пратеници во Скопје. Дваесет и девет претставници од Бирото за развој на образование, Центарот за образование на возрасни, Центарот за стручно образование и обука, средни стручни училишта, Секторски комисии, Одборот на НРК и Одделението за НРК учествуваа на обуката.

               

Учесниците имаа прилика да ги слушнат презентациите на странските експерти за начелата и концептите за креирање на квалификации кои се засноваат на компетенција (Лина Ваиткуте), споредливоста и обезбедување на квалитет на квалификациите (Видмантас Тутлис), гарантирање на транспарентна поврзаност помеѓу Националната рамка за квалификации, стандарди на занимање и наставни програми за стручно образование и обука (Дариа Дуилович), референцирање на стандардите на занимање со Националната рамка на квалификации (Одета Купетиене). Сите заедно работеа во групи на практични задачи со цел да ги анализираат стандардите на квалификации и стандардите на занимање кои веќе постојат, да ги откријат недоследностите и да предложат препораки за подобрување.

          

Резултатите од евалуациите на крајот од обуката покажаа дека учесниците се навистина задоволни од обуката најпрво затоа што сите засегнати страни во процесот на развој и имплементација на стандарди на квалификации и стандарди на занимања имаа можност да работат заедно со странските експерти и да дискутираат како најдобро да ги применат препораките кои се предложени од експертите.

Подобрување на капацитетот на институциите

Во периодот од 13ти до 17ти јуни, 2022 година беше спроведена студиска посета во склоп на Активност 4.1.8. Четворица претставници од Министерството за образование и наука и еден претставник од Центарот за стручно образование и обука учествуваат на оваа студиска посета на Република Словенија. Делегацијата беше дел од продуктивни дискусии во Институтот на Република Словенија за стручно образование и обука, Министерството за образование, наука и спорт на Словенија, Агенцијата за обезбедување квалитет во високото образование на Словенија, Универзитетот Приморска, Биотехнички образовен центар Грм Ново место и Високата стручна школа за угостителство, велнес и туризам во Блед.

                  

Учесниците заедно со институциите домаќини на студиската посета дискутираа за развојот и начинот на ажурирање на стандардите на квалификации, дигиталните регистри, процедури и процеси за обезбедување на квалитет во стручното образование и високо образовните институции.

                

Постигнати резултати

На 28ми јуни, се одржа 3тиот по ред состанок на Управниот Комитет. Пред самиот состанок, проектните лидери одржаа иницијален состанок каде проектниот лидер на земјата членка г-ца Агне Кудараускиене од Литванија, помладиот проектен лидер г-дин Јанеш Дамјан од Словенија и помладиот проектен лидер г-ца Мишел Хуп од Франција, заедно со ПТС г-ца Јолита Буткиене дискутираа за напредокот и резултатите на проектот, како и за идните планови и активности.

Во текот на 3тиот состанок на Управниот Комитет, г-дин Агим Шаќири, Шеф на кабинет на Министерот за образование и наука на Република Северна Македонија им се обрати на присутните потенцирајќи ја важноста на проектот за Министерството, со што понуди целосна и постојана поддршка од Кабинетот на Министерот. Уште еднаш ја нагласи намената и значајноста на НРК и потврди дека Министерството и понатаму ќе се залага да ги искористи придобивките од проектот за унапредување на образовниот систем и системот на обуки во Северна Македонија. Тој исто така го сподели своето искуство во текот на студиската посета во Словенија.

                 

Во текот на состанокот, ПТС Јолита Буткиене го презентираше полугодишниот извештај кој содржи детален опис на сите важни активности во склоп на следните точки од буџетот: Задолжителни резултати од компоненти и Трошоци поврзани со хоризонталните активности, распоредот за имплементација, информации околу човечките ресурси на ЗЧ и ЗК, активности поврзани со визибилност и комуникација. Овој период на известување опфаќа учество на 107 домашни експерти и засегнати страни во проектните активности кои беа предводени од 17 странски експерти. Беа одржани вкупно 24 настани поврзани со проектот (работилници, фокус групи, интервјуа) и 155 работни денови на експертите, а беа изработени и 29 различни документи (извештаи, препораки, анализи). Лидерот на компонента 1 проф. д-р Видмантас Тутлис ги разработи главните наоди од мисиите кои беа одржани и ги истакна следните чекори кои треба да се преземат во соработка со домашните експерти и засегнати страни со цел ажурирање на постоечките правни документи поврзани со стручното образование и обука како и високото образование. Лидерот на компонента 2 г-ца Одета Купетиене нагласи дека веќе е воспоставена добра соработка со претставниците од релевантните институции што придонесува кон понатамошен успех на проектот. Лидерот на компонента 3 и 4, г-ца Уршка Марентич, ги презентираше активностите кои се веќе спроведени и дополнително ги објасни методите кои се користат, како и резултатите постигнати од веќе реализираните мисии.

Следниот период на планирање предвидува 11 мисии на експерти, со вкупно 240 работни денови на експертите. Главни активности од овој период вклучуваат изработка на Прирачник за сите институциите кои работат во стручното образование и обука, како и за сите високо образовни институции, обука на сите вклучени во процесот на обезбедување на квалитет во високото образование (AQAHE) во врска со методологијата и процедурите за обезбедување на квалитет на НРК; проценка на потенцијални студии од краток циклус (ниво 5) и развој на стручни квалификации во високото образование; оценување на разликите и потребата од унифицирање на називите на квалификациите (ISCED полиња/усогласувања и стандардизирање); изработка на Водич за НРК 2020-2023; развој на стандарди на квалификации во високото образование кои се засноваат на резултати од учење; изработка на практични прирачници за управување и обезбедување на квалитет за дигитален инпут во НРК регистарот. Г-дин. Александар Сладојевич истакна дека активностите од Компонента 3 ќе започнат во квартал 5 од проектот и уште еднаш ја потенцираше важноста на оваа компонента за земјата корисник поради фактот што земјата ќе мора да се занимава со подигнување на свеста помеѓу главните засегнати страни за придобивките од користење на НРК. За крај на состанокот, членовите на Управниот Комитет го одобрија Планот за работа за следниот период, како и полугодишниот извештај.

 

Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.

 

Твининг проект: Понатамошна поддршка за имплементирање на НРК

Back to top
Close Offcanvas Sidebar