Првата студиска посета во Литванија во периодот од 9ти до 14ти мај во склоп на Компонента 1 Активност 1.1.5 „Студиска посета за вработените кои работат во делот на обезбедување квалитет со цел да се сподели искуство за процесот на обезбедување квалитет на квалификациите и наставните програми во партнер земјата членка“ беше организирана и фокусирана на размена на идеи, политики и инструменти за донесување политики помеѓу различни национални системи на квалификации.
Делегацијата на земјата корисник беше составена од претставници од Секторот за високо образование, Одделението за НРК и Одделението за имплементација и координација на ИПА од Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија и претставник од Одборот за акредитација од Агенцијата за обезбедување на квалитет во високото образование.
Во текот на студиската посета, учесниците го посетија Центарот за обезбедување квалитет во високото образование (СКВЦ); Центарот за креативност и иновација „ЛинкМену фабрикас“ во склоп на Техничкиот универзитет на Вилниус; Магнус Универзитетот (ВДУ); МОДУС Секторски практикантски центар во склоп на стручниот центар за обуки Каралиум Миндаугас; Министерството за образование, наука и спорт; Владиниот центар за стратешка анализа (СТРАТА); и Центарот за обука на пазарот на трудот Јерузале во Вилниус.
Учесниците се запознаа со работата и одговорностите на институциите кои се надлежни за обезбедување на квалитет на Националната рамка на квалификации; управувањето со екстерното обезбедување квалитет на високообразовните институции и стручното образование; практики и процедури за внатрешно обезбедување квалитет на универзитетите и стручните училишта. Делегацијата на земјата корисник заедно со литванските експерти дискутираа за тоа како познавањето на политиките и процедурите на националниот систем на Литванија може да се искористи за развој на политики и практики во Република Северна Македонија.
По студиската посета, во периодот од 16ти до 20ти мај, 2002ра година, се одржа Мисија 2 од Активност 1.1.3. Во рамки на оваа мисија се предложија насоки и препораки за развој на рамка за обезбедување на квалитет за системот на СОО и организација на институциите кои се вклучени во него, инструментите и процедурите за обезбедување квалитет во СОО во согласност со ЕКАВЕТ и ЕЦВЕТ. Експерти од Литванија, како и заменик министерката од Министерството за образование, наука и спорт на Литванија, г-ца Агне Кудараускиене во улога на краткорочен експерт, посетија две стручни училишта во Скопје со цел да дискутираат за проблемите и предизвиците со кои тие се соочуваат кога станува збор за обезбедување квалитет во самите училишта.
На 17ти мај, проектниот тим заедно со екпертите Видмантас Тутлис, Одета Купетиене, Лина Ваиткуте и Агне Кудараускиене беа добредојдени од Директорката на средното стручно училиште за угостителство и туризам „Лазар Танев“ во Скопје. Заедно дискутираа за можностите за зајакнување на соработката помеѓу двете земји и придобивките од проектот кој нуди можности за размена на знаење и искуство во СОО.
Состанокот и дискусијата која се фокусираше на процесите на обезбедување квалитет во училиштето беше проследена со посета на просториите на училиштето каде учениците ја изведуваат практичната настава и го полагаат крајниот испит. Наставниците ја покажаа опремата која се користи, а се спомнаа и аспектите кои треба да се подобрат.
Сите настани во рамки на оваа мисија беа организирани во склоп на Европската недела на стручни вештини која претставува годишен настан каде локални, регионални и национални организации ги претставуваат можностите на стручното образование и обука (СОО) – сектор кој им овозможува на луѓето да стекнат вештини кои им се потребни со цел постигнување на личен и професионален развој. Со тек на годините, овој настан постана платформа за сите засегнати страни во СОО низ цела Европа и подалеку.
На 18ти мај, во просториите на средното стручно училиште Владо Тасевски во Скопје, беше организирана тркалезна маса со цел да се сподели искуството на Литванија во насока на модернизација на секторот на СОО, вклучување на работодавачите во изработката на стандардите на занимање и стандардите на квалификации, како и порграмите за обука. Претставници од други средни училиште на територијата на Северна Македонија, Центарот за стручно образование и обука, Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, организација на рабодавачи, Стопанска комора на Северна Македонија, Секторските комисии, Одборот за НРК како и самите работодавачи беа присутни на настанот.
Поздравно обраќање на настанот имаше г-дин Лука Читарела од Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија кое беше проследено со кратка презентација на Заменик министерката на Министерството за образование, наука и спорт на Литванија, г-ца Агне Кудараускиене и останатите странски експерти. Беа дискутирани различни аспекти за можноста за подобрување и модернизација на секторот на СОО преку размена на добри практики на Литванија фокусирајќи се на придобивките од процесот на предвидување на вештини, учество на работодавачите во развојот на квалификации и ажурирање на процесите.
Овој Билтен е изработен со поддршка на Европската Унија. Содржината е одговорност само на твининг проектот и никако не ги одразува ставовите на Европската Унија.