Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН е подготвено за успешно спроведување на препораките на ЕУ

МОН е подготвено за успешно спроведување на препораките на ЕУ

 

МОН е подготвено за успешно спроведување на препораките на ЕУ

 

Јасмина Вукиќевиќ, посебен советник во МОН, како дел од владината делегација предводена од Бојан Маричиќ вицепремиерот задолжен за европски прашања, изминативе денови учествуваше на скрининг објаснувачките состаноци за поглавјето 26 – образование и култура, на кои македонската делегација ги доби препораките и насоките за ова важно прашање.  

- МОН е подготвено да се соочи со предизвиците на 21 век во образованието и успешно да ги спроведе сите препораки и насоки на Европската унија, вели Вукиќевиќ.

Министерството за образование и наука во рамки на претстојниот билатерален скрининг закажан за месец мај идната година, досега направи важни реформски процеси во полето на образованието и тие продолжуваат и во периодот кој следува. Согласно досегашните реформи, МОН го усвои и успешно го спроведува новиот Концепт за основно образование, придружен со дополнителни наставни планови, програми и насоки за спроведување на наставниот процес. Започната е реформата во средното стручното образование, чија единствена цел е да се подготват на младите целосно да одговорат на барањата на пазарот на трудот, при што се формирани три Регионални центри за стручно образование и наука. МОН е успешен учесник во европските програми, односно во Еразмус плус и Европскиот солидарен корпус.

[ четврток, 20 октомври 2022 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar