Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Успешната соработка со Британскиот совет продолжува, ќе се вклучат наставници во програмите за професионален развој

МОН: Успешната соработка со Британскиот совет продолжува, ќе се вклучат наставници во програмите за професионален развој

 

МОН: Успешната соработка со Британскиот совет продолжува, ќе се вклучат наставници во програмите за професионален развој

 

 

Британскиот совет продолжува со интензивна поддршка на образовниот систем во Северна Македонија. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорот на Британскиот совет за Западен Балкан, Питер Браун на денешната средба разговараа за плановите и идеите за проекти што ќе се реализираат во наредниот период.

 

Двајцата соговорници ја разгледаа можноста за вклучување на наставници во глобалните програми за професионален развој и ангажман, што ги реализира Британскиот совет. Серија активности се планирани и во подготовките за најголемиот светски собир на министри од областа на образованието и вештините, Светскиот образовен форум, што ќе се одржи следната година во мај, во Лондон. Поврзано со програмата  „Училишта на 21 век“ , претставници на Министерството за образование и наука ќе учествуваат на студиско патување со цел посета на институции и продлабочено запознавање со теми од интерес.

 

 

Директорот Браун информираше дека Британскиот совет ќе продолжи со испитите за јазична компетенција во партнерство со Центарот за странски јазици. Министерот Шаќири се заблагодари на Британскиот совет за досегашната успешна соработка во промовирањето на англискиот јазик како и на дигиталното образование и  вештини преку програмата „Училишта на 21 век“.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar