Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / ЈАВЕН ОГЛАС за рецензенти на учебници за основно образование

ЈАВЕН ОГЛАС за рецензенти на учебници за основно образование

 

    Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува


ЈАВЕН ОГЛАС
за рецензенти на учебници
за основно образование

1. Нарачател: Министерство за образование и наука – Педагошка служба, ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметите:

-Македонски јазик за учениците од другите заедници за IV одделение во деветгодишно основно образование

-Македонски јазик за V одделение во деветгодишно основно образование

-Македонски јазик за учениците од другите заедници за V одделение во деветгодишно основно образование

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од основно односно средно училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.

- преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

 

Пријавата може да се преземе на линкот подолу или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 14.10.2022  година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

[ среда, 05 октомври 2022 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar