СООПШТЕНИЕ
Министерството за образование и наука – Педагошка служба ги известува авторите дека ќе се изврши отварање на дел од шифрите по Конкурсот за издавање на учебници за II година средно стручно четиригодишно образование за следните предмети:
1. Педологија и агрохемија за II година СТРУКА/СЕКТОР:ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА/ЗЕМЈОДЕЛСТВО, РИБАРСТВО И ВЕТЕРИНАРСТВО Образовни профили/квалификации: Техничар за фитомедицина средно стручно четиригодишно образование.
2. Педологија за II година СТРУКА/СЕКТОР:ЗЕМЈОДЕЛСКО-ВЕТЕРИНАРНА/ЗЕМЈОДЕЛСТВО, РИБАРСТВО И ВЕТЕРИНАРСТВО Образовни профили/квалификации: Агротехничар, Техничар за агроменаџмент средно стручно четиригодишно образование.
Отварањето на шифрите за горе наведените наставни предмети ќе се изврши во просториите на Министерството за образование и наука - Педагошка служба ул.„Св.Кирил и Методиј„ бр.54 - 13 кат на 31.05.2022 година (ВТОРНИК) со почеток во 10.00 часот.