Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Трпевска: полуматурантите добро да размислат каде ќе продолжат да учат, наша препорака е да се фокусираат на средното стручно образование

Трпевска: полуматурантите добро да размислат каде ќе продолжат да учат, наша препорака е да се фокусираат на средното стручно образование

 

Трпевска: полуматурантите добро да размислат каде ќе продолжат да учат, наша препорака е да се фокусираат на средното стручно образование

 

 

Пред почетокот на уписите во средно образование, кои започнуваат на средината на следниот месец, упатувам апел до полуматурантите добро да размислат во кое училиште ќе се запишат. Ги советувам секогаш да се водат согласно личните желби, интереси и афинитети, но пред сé предвид мора да ги имаат информациите за тоа какво образование се бара на пазарот на трудот и какви слободни места се нудат. Ќе видат дека тоа се претежно работни места за кои се потребни стручни квалификации и така ќе биде и во иднина. Општеството, па и глобалниот свет се повеќе имаат потреба од стручен кадар.

 

Ова го изјави државниот секретар во МОН Анета Трпевска по завршувањето на посетата на средните стручни училишта во Гевгелија, Валандово и Богданци, а во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ преку која во моментов се презентираат новините кои за учебната 2022-2023 година ги нудат средните стручни училишта, креирани низ дијалог помеѓу МОН, општините, училиштата и бизнис заедницата, со голема поддршка од Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“.

 

„Идејата на целиот овој процес е да го унапредиме квалитетот на средното стручно образование преку воведување на дуални паралелки кои даваат многу поголем фокус на практична обука на учениците за сметка на учењето теорија и да ја подигнеме свеста дека овој тип на образование навистина нуди поголема перспектива за младите. Стручното образование овозможува полесно вработување, односно побрз и успешен настап на пазарот на трудот, но и добра основа за понатамошно продолжување на академското образование“, рече Трпевска.

 

 

Информираше дека до крајот на овој месец ќе бидат посетени сите региони, односно ќе има вкупно 16 настани - отворени денови на средните стручни училишта за полуматурантите да се запознаат со наставните програми и со тоа што би го учеле доколку се запишат во стручно училиште, да ги видат компаниите каде практично ќе се обучуваат и да ги слушнат можностите за стипендирање.

 

 

Трпевска потсети и дека за само година и половина откако е започната кампањата „Учи паметно, работи стручно“ од 11 дуални паралелки, годинава има 97 кои функционираат во соработка со 200 компании, а од идната учебна 2022/2023 година се отвораат 223 дуални паралелки во соработка со 450 компании кои практично ќе ги обучуваат учениците директно во производствените и организациските процеси.  

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar