Спортската академија започнува потрага по спортски таленти во Република Северна Македонија, кои што ќе бидат дел од ДСУ „Спортска академија“ во паралелки за фудбал, ракомет, кошарка и тенис за учебната 2022/2023 година, кои освен во Скопје, предвидени се и како паралелки во состав на јавните средни училишта кои се надвор од седиштето, во следните општини:
- СОУ „Кузман Шапкарев” – Битола, фудбал и ракомет,
- СОУ „Перо Наков“ – Куманово, кошарка,
- СОУ „Ѓорче Петров“ – Кавадарци, кошарка,
- ОУТУ „Ванчо Питошевски“ – Охрид, фудбал,
- СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ – Прилеп, фудбал,
- СОУ „Никола Карев” – Струмица, фудбал,
- СОУ„Кирил Пејчиновиќ“ – Тетово, фудбал,
- СОУ „Кочо Рацин“ – Велес, фудбал,
- СОУ „Гостивар“ – Гостивар, фудбал и
- СОУ „Коле Нехтенин” – Штип, фудбал.
Целта на Спортската академија е учениците, спортски таленти да се оспособат да постигнуваат врвни спортски резултати и да се подготвуваат од рана возраст да станат членови на националните спортски селекции за фудбал, ракомет, кошарка и тенис.
Учениците ќе бидат подложени на посебна, специјално за оваа намена, креирана програма за образование и тренинг. За работа со учениците ќе бидат ангажирани стручни тимови составени од тренер и негов заменик и физиотерапевт. Кандидатите за упис во прва година, во средно училиште ќе бидат селектирани од стручна комисија.
Селекцијата ќе се одвива во фази:
- Скаутирање од стручни лица
- Селекција од стручен тим
- Тестирање на психофизичките способности од страна на стручна комисија
На учениците кои ќе бидат примени, а кои не се од регионот каде што ќе ја посетуваат наставата, ќе им биде обезбедено сместување и храна, а превоз до училиштето и до спортските терени ќе биде обезбеден за сите ученици, во согласност со закон.
Листата на локации и датуми на кои ќе се врши првичната селекција од конкретната Спортска федерација е следната:
За спортските паралелки по ракомет
Прв избор/селекција
Скопје
Датум: 16.05.2022 година
Место: Спортска сала на „Македонски херои“ (сала при ФФОСЗ)-Скопје
Почеток: 10:00 ч
Втор избор/селекција
Скопје
Датум: 23.05.2022 година
Место: Спортска сала на „Македонски херои“ (сала при ФФОСЗ) - Скопје
Почеток: 10:00 ч
Одговорнo лицe: Милева Велкова 077/932-747
*Кандидатите се пријавуваат на самото место на селекција половина час пред почетокот на селекцијата.
*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина
За спортските паралелки за кошарка
Скопје
Датум: 04 мај 2022 година
Место: СРЦ „Кале“ (голема сала) Скопје
Почеток: 9:00 ч
Кавадарци
Датум: 04 мај 2022 година
Место: СОУ „Ѓорче Петров“ Кавадарци
Почеток: 12:30 ч.
Куманово
Датум: 05 мај 2022 година
Место: СОУ „Перо Наков“ Куманово
/ Почеток: 11:00ч
Одговорнo лицe: Марјан Србиноски 078/399-888
*Кандидатите се пријавуваат на самото место на селекција половина час пред почетокот на селекцијата.
*Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина
За спортската паралелка за тенис
Прв избор/селекција
Скопје
Датум: 09.05.2022 година
Место: ТК Југ – Скопје, Градски Парк бб – Скопје
Почеток: 10:00 ч
Втор избор/селекција
Скопје
Датум: 16.05.2022 година
Место: ТК Југ – Скопје, Градски Парк бб – Скопје
Почеток: 10:00 ч
Одговорнo лицe: Григор Санев 075/351-118
Кандидатите се пријавуваат на самото место на селекција непосредно пред почетокот на селекцијата.
За спортските паралелки по фудбал
Тетово
Датум на СЕЛЕКТИРАЊЕ на кандидати на ден 17.05.2022 (вторник)
Собир во 9.00 часот на Терен со вештачка трева на Општина Тетово.
Информации кај регионалните координатори Борче Мирчески 075/334-224 (за паралелка на македонски Јазик) и Фисник Хисени 070/769-466 (за паралелка на албански Јазик)
Гостивар
(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кичево)
Датум на СЕЛЕКТИРАЊЕ на кандидати на ден 17.05.2022 (вторник)
Собир во 11.00 часот на Терен со вештачка трева на Општина Гостивар.
Информации кај регионалниот координатор Менсур Јакупи 075/300-400
Охрид
(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Струга и Дебар)
Датум на СЕЛЕКТИРАЊЕ на кандидати на ден 17.05.2022 (вторник)
Собир во 14.30 часот на Терен со вештачка трева - Билјанини Извори Охрид.
Информации кај регионалниот координатор Гоце Толески 078/208-604
Велес
(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Градско)
Датум на СЕЛЕКТИРАЊЕ на кандидати на ден 19.05.2022 (четврток)
Собир во 10.00 часот на Градскиот Стадион во Велес.
Информации кај регионалниот координатор Диме Тодоровски 070/607-602
Прилеп
(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Крушево, Македонски Брод, Кавадарци и Неготино
Датум на СЕЛЕКТИРАЊЕ на кандидати на ден 19.05.2022 (четврток)
Собир во 12.30 часот на Терен со вештачка трева на Општина Прилеп.
Информации кај регионалниот координатор Тони Наумоски 078/308-575
Битола
(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Ресен, Демир Хисар)
Датум на СЕЛЕКТИРАЊЕ на кандидати на ден 19.05.2022 (четврток)
Собир во 17.30 часот на Терен со вештачка трева на Општина Битола.
Информации кај регионалниот координатор Лазo Гаштаров 076/282 070
Струмица
(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Гевгелија, Валандово, Радовиш, Дојран, Берово, Пехчево и ДемирКапија)
Датум на СЕЛЕКТИРАЊЕ на кандидати на ден 24.05.2022 (вторник)
Собир во 12.30 часот на Терен со вештачка трева на Општина Струмица.
Информации кај регионалниот координатор Васко Георгиев 075/259-453
Штип
(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Кочани, Виница, Свети Николе, Пробиштип, Делчево, Кратово, Крива Паланка, Македонска Каменица)
Датум на СЕЛЕКТИРАЊЕ на кандидати на ден 24.05.2022 (вторник)
Собир во 15.00 часот на Терен со вештачка трева на Општина Штип.
Информации кај регионалниот координатор Димитар Маџунаров 078/476-715
Скопје
(други градови кои ги опфаќа ова селектирање: Куманово)
Датум на СЕЛЕКТИРАЊЕ на кандидати на ден 26.05.2022 (четврток)
Собир во 9.00 часот на Тренинг Центарот на ФФМ – Трибина на терен 1.
Информации кај регионалниот координатор Звонко Златановски 078/377-068 на мејл zvonko.zlatanovski@ffm.com.mk
Ќе има еден круг на селектирање.
Кандидатите при пријавувањето треба да дадат свое име и презиме, датум на раѓање, клуб во кој игра и позиција на која игра.
Сите заинтересирани кандидати треба да приложат потврда за извршен лекарски преглед од овластена установа за спортска медицина (не постара од 4 месеци) дека е способен за тренинг и натпревари кој ќе треба да се приложат пред селектирањето.
Секој кандидат треба да си носи своја спортска опрема (тренерки, дрес, шорцеви,штуцни, костобрани, копачки, резервна маица и маска за заштита (нема да се користат соблекувални)
На селектирањето целосно ќе се применува протокол добиен од ДСУ „Спортска академија“.
Министерство за образование и наука