Министерот за образование и наука Јетон Шаќири, денеска имаше протоколарна средба со aмбасадорката на Сојузна Репубика Германија Н.Е. г-ѓата Анке Холштајн.
Двајцата соговорници на средбата ја истакнаа досегашната успешна соработка помеѓу двете земји во полето на образованието, и ја потенцираа важноста на размената на искуства како во образовниот процес, така и во делот на науката.
Министерот Шаќири, изрази благодарност до германската влада за големата поддршка во разни проекти кои се реализираат во Република Северна Македонија, како и искуствата кои земјава ги црпи од СР Германија во делот на средното стручно образование.
Шаќири, исто така ја запозна амбасадорката Холштaјн за реализацијата на проектот за модернизација на основното образование, при што истакна дека земјава и во иднина ќе ги следи и ќе се труди да се прилагодува на глобалните трендови во областа на образованието.
Амбасадорката на СР Германија, Н.Е. Холштајн, истакна дека германската влада е подготвена за продлабочување на соработката во образованието и научно-истражувачката дејност.