Целта на Програмата за техничка соработка на МААЕ е да им помогне на земјите членки во развојот на сопствените програми за одржлива примена на нуклеарни техники во мирновременски цели.
Помошта на МААЕ се реализира преку обезбедување на експертски услуги во соодветната област, обука на кадри вклучени во реализацијата на проектот во реномирани центри во земји членки на МААЕ, симпозиуми, семинари, и набавка на нова или надградба на постоечката опрема.
Предлог - проектите треба да бидат во согласност со Програмската рамка за техничка соработка меѓу Република Македонија и МААЕ (Country Programme Framework ), односно од областа на :
- Унапредување на инфраструктурата за заштита од јонизирачко зрачење и нуклеарна безбедност;
- Управување со радиоактивен отпад;
- Безбедност на храна, земјоделие и здравје на животните;
- Унапредување на здравствената заштита со примена на нуклеарни техники во дијагностика и радиотерапија;
- Примена на изотопски техники во различни подрачја (екологија, ветерина, геологија, хидрологија и т.н.)
Проектните активности треба да вклучат апликативни нуклеарни техники, а резултатите од проектите да се наменети за крајните корисници. Проектите не смее да вклучуваат базични научни истражувања, за кои што МААЕ распишува посебна програма, во чии рамки може да се аплицира континуирано: http://www-crp.iaea.org.
Според правилата на МААЕ, за да може еден проект кој во себе предвидува набавка на опрема чија вредност е поголема од 150.000 Евра да биде прифатен за финансирање од страна на МААЕ, институцијата која е подносител на проектот должна е во Фондот за техничка соработка на МААЕ да уплати најмалку 50% од вредноста на опремата. Овој документ/изјава е т.н. Government cost-sharing, со кој што земјата ја искажува својата заложба за успешна имплементација на проектот, и истиот треба да биде составен дел на поднесената проектна документација до Министерството за образование и наука.
Формуларот за пријавување на проектната идеја (Country Programme Note/Proposed Programme), како и сите потребни информации во врска со подготвувањето и пријавувањето на проектната идеја може да се најдат на веб страницата: http://pcmf.iaea.org. Целта е проектната идеја да се презентира во куса форма, а проектниот документ да се изготви со експертска подршка од МААЕ, откако ќе ја помине потребната евалуација од страна на соодветното техничко одделение на МААЕ.
Крајниот рок за поднесување на предлозите (во тврда копија и електронски) до Министерството за образование и наука, Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката - Канцеларија за врски со МААЕ е 20 април 2022 година.
Лице за контакт: Јулијана Балевска, Национален офицер за врска со МААЕ, е-меил: julijana.balevska@mon.gov.mk.