Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири се сретна со косовската колешка Нагавци, двете земји ќе ја интензивираат соработката во областа на образованието

Шаќири се сретна со косовската колешка Нагавци, двете земји ќе ја интензивираат соработката во областа на образованието

 

Шаќири се сретна со косовската колешка Нагавци, двете земји ќе ја интензивираат соработката во областа на образованието

 

 

Северна Македонија и Косово имаат добра соработка во областа на образованието, но и кај двете страни постои интерес таа уште повеќе да се продлабочи. Меѓусебната поддршка е многу важна во процесите за унапредување на националните образовни системи и за обезбедување на повеќе и подобри образовни можности за граѓаните.

 

Ова е заклучокот од денешната средба помеѓу министрите за образование и наука на двете земји, Јетон Шаќири и Арберије Нагавци која се одржа во Скопје, а на која тие се обврзаа за преземање на понатамошни чекори за потпишување на билатерална програма за образовна соработка, која би била од значење при воспоставувањето на формални релации помеѓу образовните институции и установи на сите нивоа.

 

 

„Добро е што и кај двете страни има силна волја за јакнење на соработката. Свесни сме дека со меѓусебно помагање можеме побрзо да ги развиваме нашите општества, а со тоа и регионот, кој би станувал сé повеќе конкурентен во пошироки размери и од повеќе аспекти“, рече министерот Шаќири.

 

Тој се осврна и на актуелните реформи кои се спроведуваат во образованието во Северна Македонија, а ги претстави и идните приоритети, меѓу кои, како што рече највисоки се модернизацијата на учебниците, подобрувањето на образовната инфраструктура и дигитализацијата. 

 

Министерката Нагавци исто така говореше за тековните активности на косовската Влада во насока на подигнување на квалитетот на образованието, истакнувајќи дека искуството на Северна Македонија со реформирање особено на основното и на средното стручно образование е важно и би можело да се помогне при креирање на идните образовни политики на Косово. 

 

 

Покрај министрите за образование и наука, на средбата присуствуваше и косовскиот амбасадор во Скопје, Приндон Садриу, како и раководители на повеќе сектори во двете министерства. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar