Врз основа на член 50 од Законот научнo-истражувачка дејност („Службен весник на Република Северна Македонија“бр.46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16, и 53/16), член 5 став (1) од Правилникот за остварување на правото на еднократна награда за објавување на научен труд и за надомест на средствата платени за објавување на трудови („Службен Весник на Република Северна Македонија“, бр.102/18) и Решението за распишување Конкурс за надомест на средствата платени за објавување на научни трудови во 2021 година бр.15-____/1 од __.01.2022 министерството за образование и наука објавува
КОНКУРС ЗА НАДОМЕСТ НА СРЕДСТВАТА ПЛАТЕНИ
ЗА ОБЈАВУВАЊЕ НА НАУЧНИ ТРУДОВИ ВО 2021 ГОДИНА
1. Министерството за образование и наука објавува Конкурс за надомест на средства платени за објавување на научни трудови во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите на Web of Science или Scopus од наставниците и соработниците избрани на високообразовните/научните установи во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: авторите).
2. Авторите кои платиле средства за објавување на труд во списание индексирано во базите Web of Science или Scopus, поднесуваат барање за надомест на средства до Министерството за образование и наука најдоцна една година од денот на објавувањето на трудот.
3. Потребни документи за барање на средства платени за објавување на научни трудови се:
- копија од објавениот труд од домашен автор во списанија реферирани во базите Web of Science или Scopus;
- копија од страницата на списанието кадешто е наведен насловот, годината и бројот на списанието, уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен трудот;
- уверение за државјанство на Република Северна Македонија на авторот/авторите
- потврда за избор во наставно, соработничко или научно звање.
- копија од фактура, односно уплатница за печатење на трудот, поднесена од страна на субјектот за вршење на научно-истражувачката дејност.
- Потврда од страна на субјектот за вршење на научно-истражувачката дејност, дека авторот нема добиено средства од матичната институција или од друга институција и сл. за објавување на трудот;
- Изјава за користење лични податоци
- Барањата на авторите на кои им се доделени средства од матичната институција или од друга институција и сл. за објавување на истиот труд, без оглед во кое списание, нема да бидат разгледувани.
4. Јавниот конкурс трае од 01 февруари до 01 април 2022 година. Ненавремено или некомплетно барање нема да се разгледува.
5. Финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Северна Македонија.
6. Ова решение влегува во сила со денот на неговото донесување
7. Барањето и потребната пропратна документација за конкурсот може да се добие во Министерството за образование и наука или на интернет страницата на Министерството ( www.mon.gov.mk).
Пријавите и документите наведени во точка 3 на овој Конкурс почнувајќи од 01.02.2022 година заклучно со 01.04.2022 година, се доставуваат на следната адреса или во архивата на:
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Сектор за наука и иновации
бул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54
1000 Скопје
Дополнителни информации за Конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, лице за контакт:
Александар Петров, телефон 02/3140-189 и
e-mail: aleksandar.petrov@mon.gov.mk, канцеларија 1405
и Олга Дуковска-Атов телефон 02/3140-185 и
e-mail: оlga.dukovska@mon.gov.mk, канцеларија 1410