Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири со директорите на основните и средните училишта: Заедно ќе ги надминуваме предизвиците и ќе се радуваме на успесите

Шаќири со директорите на основните и средните училишта: Заедно ќе ги надминуваме предизвиците и ќе се радуваме на успесите

 

Шаќири со директорите на основните и средните училишта: Заедно ќе ги надминуваме предизвиците и ќе се радуваме на успесите

 

 

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири и директорите на основните и средните училишта, денеска, на онлајн средба разговараа за активностите кои претстојат во второто полугодие од учебната година 2021/2022. Со цел обезбедување на што подобар воспитно - образовен процес, министерот рече дека е важно да се одржува добра комуникација меѓу училиштата и Министерството и сите максимално да се ангажираат во спроведувањето на образовната агенда и концептот за градење на квалитетен образовен систем.

 

„Во сите вас гледам соработници со кои заеднички градиме квалитетен воспитно-образовен систем. Независно од политичката или каква било друга припадност и определба. Јас сум достапен за сите вас, за заеднички да ги надминуваме предизвиците и да се радуваме на успесите, а тоа го очекувам и од вас. Министерството, училиштата, наставниците, учениците и родителите, сите ние имаме една единствена цел – да работиме во најдобар интерес на образованието на децата, кои се нашата иднина. Да ги сплотиме нашите напори, за да имаме во иднина со што да се гордееме“, нагласи министерот Шаќири.

Тој побара од директорите овој период на продолжен распуст добро да го искористат, да се координираат со вработените во училиштата и да се подготват за спроведување на наставните програми, посебно на новините во основното и во средното образование. Шаќири ги информираше директорите дека во тек се подготовките за изработка на нови наставни програми и учебници и за второ и петто одделение. Во делот на средното образование ќе продолжи проширувањето на концептот на дуално образование, а министерот најави и силна поддршка на проекти за унапредување на образовната инфраструктура.

 

 

Во делот на полагањето државна матура, министерот Шаќири посочи дека нема да има промени. Останува истиот концепт како и лани, а нов концепт ќе има од 2022/2023 година, за што ќе има и јавна дебата.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar