Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување на 4 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (1 стипендија доделена од Владата на НР Кина и 3 унилатерални стипендии) од Владата на Народна Република Кина

Конкурс за доделување на 4 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (1 стипендија доделена од Владата на НР Кина и 3 унилатерални стипендии) од Владата на Народна Република Кина

 

 

Владата на Народна Република Кина за учебната  2022/2023 година доделува  4 стипендии за  додипломски  (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации (1 стипендија доделена од Владата на НР Кина и 3 унилатерални стипендии).

 

Кандидатите потребно е да се пријават онлајн и да ги прикачат следните документи:

 

-       Пријавен лист  (пријавувањето е онлајн на www.csc.edu.cn/studyinchina или на www.campuschina.org, агенциски број 8071 пополнетиот формулар се доставува и во министерството).

-       Фотокопија од патната исправа: Кандидатите треба да достават скенирана копија од патната исправа со важност подоцна од 1 март 2023 година,

-       Фотокопии од свидетелствата за  завршните години од средно образование (за редовни - додипломски  студии)  преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,

-       Фотокопија од дипломата за завршено високо образование  (за магистерски и докторски студии и специјализации) преведена на англиски јазик или кинески јазик и заверена на нотар,

-       Фотокопија од уверението за положени испити (магистерски и докторски студии и специјализации) преведена на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,

-       План за студиите (до 200  зборови за редовни студии,до 500 зборови за специјализации  и  до 800 зборови за магистерски и докторски студии),

-       Две препораки од универзитетски професори (магистерски и докторски студии и специјализации),

-       Лекарско уверение  (Foreigner Physical Examination Form) се пополнува на англиски јазик и треба да ги содржи сите наведени испитувања, да има потпис од доктор, официјален печат од здравствената установа и прикачена фотографија од кандидатот и со важност од 6 месеци.

-       Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на музиката, покрај наведените документи треба да достават и ЦД со нивни музички изведби, а кандидатите кои се пријавуваат за студии по уметност, покрај наведените документи, треба да достават и ЦД со нивните уметнички творби (2 цртежа, 2 слики во боја и 2 творби по сопствен избор).

-       Уверение за неосудованост да не биде постаро од шест месеци.

При аплицирањето кандидати можат да ги прикачат и следните документи:

-       Писмо за прифаќање  од избраниот универзитет (подетални информации на  htpp://www.CampusChina.org и www.csc.edu.cn/Laihua/universityen.aspx),

-       Потврда за познавање  кинески јазик (HSK сертификат) или англиски јазик (IELTS или TOFEL сертификат),

 

Краен рок за пријавување е 10.02.2022 година.

 

Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии од Владата на Народна Република Кина, треба да достават копија од пријавниот лист (точка 1 од потребните документи) во архивата на Министерството за образование и наука до 10.02.2022 година.

 

Подетални информации може да се обезбедат и на тел: 02 3140 185/лице за контакт: Олга Дуковска-Атов, како и на интернет страните http/www.campuschina.org или http//en.csc.edu.cn/studyinchina.

 

Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2022 година.

 

Изборот на кандидатите  ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar