Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска на панел дискусија за перспективите на Западен Балкан: Основа за демократско и прогресивно општество е квалитетно образование

Царовска на панел дискусија за перспективите на Западен Балкан: Основа за демократско и прогресивно општество е квалитетно образование

 

Царовска на панел дискусија за перспективите на Западен Балкан: Основа за демократско и прогресивно општество е квалитетно образование

 

На унапредувањето на квалитетот на националниот образовен систем гледаме како можност за севкупен општествено економски напредок на Северна Македонија и исчекор кон интегрирањето на земјата во европското семејство. Оттаму се поттикнати и нашите интензивни заложби за реформирање на образованието. Целта е да обезбедиме што повеќе и подобри образовни можности за нашите граѓани од најрана возраст, затоа што влогот во човечкиот капитал е всушност основа за развој на сé друго.

 

 

Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на панел дискусија организирана во рамки на Самитот за земји од Западен Балкан посветен на перспективите на регионот и промена на пристапот за негово интегрирање во ЕУ, на која, покрај државници од земјите од овој регион, учествуваа и високи претставници од институциите на Европската Унија.

 

„Основа за демократско и прогресивно општество е квалитетно образование. Затоа создаваме образовен систем подготвен да одговори на нови предизвици, а дигитализацијата и пристапноста на училиштата се главен фокус на вложувањата. Исто така ја враќаме атрактивноста на средните стручни училишта. Оваа промена е важна, бидејќи ги подготвува младите за струки барани од компаниите со што ја зголемуваме можноста за побрзо вработување, рече Царовска.

 

Министерката истакна дека сé повеќе средства се двојат и за инвестиции во високото образование, но и во применета наука која е корисна за државата.

 

Потребно е да ја зголемиме довербата во науката, за да го намалиме верувањето во теории на заговор и лажни вести. Тоа го правиме со воведување на нови наставни програми кои ќе поттикнат критичко размислување кај учениците“, рече Царовска.


 

Министерката истакна дека МОН и Владата имаат добар образовен план, креиран преку широка јавна дебата со учество на сите релевантни чинители кој сега за сега ги дава проектираните ефекти и како што рече, со задоволство го споделуваме како национално искуство кое можеби ќе им помогне и на другите земји од регионот во планирањето на образовните политики и промени.

 

Министерката Царовска која е дел од мрежата на млади лидери, говореше и за поддршката на младите и нивната вклученост во креирањето на политиките кои се директно поврзани со нив.

 

„За првпат во образованието воведовме национални стандарди за учење кои се систем на вреднување за постигнувањата од учење. На овој начин ја враќаме довербата на младите во образовниот систем и ги поттикнуваме на знаење. Мора да ги поддржиме младите и во создавањето на силна платформа преку која ќе влијаат на општествените промени кои се во нивен интерес“, рече Царовска.

 

 

Министерката истакна дека самитот е одлична можност за размена на искуства помеѓу земјите од Западен Балкан, во процесот  кон ЕУ кој е крајна стратешка цел на државите кои ги претставуваме“, потенцираше Царовска.

Самитот за Западен Балкан се одржува онлајн, а го организира интернационалното здружение „Пријатели на Европа“ кое се заложува за проширување на Унијата, со поддршка од европската програма „Европа за граѓаните“, УНДП и Регионалниот совет за соработка. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar