Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН: Законот кој гарантира континуиран раст на платите на наставниците е блокиран во Собрание

МОН: Законот кој гарантира континуиран раст на платите на наставниците е блокиран во Собрание

 

Министерството за образование и наука ги повикува наставниците и Наставничкиот пленум барањето за зголемување на платите да го упатат до пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, каде со месеци е заглавен предлог законот со кој се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците.

Владата и Министерството за образование и наука работи во интерес на наставниците и обезбедување на нивна правна сигурност и подобрување на нивниот статус. Во таа насока е Законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, со кој платите на наставниците треба да се зголемуваат согласно растот на минималната плата во државата. За жал, овој закон со кој се унапредуваат наставничките права e блокиран од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваме дека во изминатите 4 години платите на наставниците кои имаат работен стаж од 10 години се зголемени за околу четири и пол пати, односно за 4.000 денари, додека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ само за 800 денари.

Дополнително минатата година, но и оваа година, блок дотациите кон општините се зголемени за 2%. Во ова зголемување, освен средства за набавка на потребните материјали и средства за хигиена и дезинфекција се предвидени средства за исплата на прекувремените часови работа на наставниците.

[ вторник, 02 ноември 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar