Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Повторен конкурс за доделување 390 (триста и деведесет) стипендии за ученици кои кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година

Повторен конкурс за доделување 390 (триста и деведесет) стипендии за ученици кои кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година

 

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 166/21), и Решението за распишување Конкурс за доделување 500 (петстотини) стипендии за ученици кои кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година бр.19-11175/1 од 26.07.2021 година, Mинистерството за образование и наука распишува

 

П О В Т О Р Е Н  К О Н К У Р С

 

за доделување 390 (триста и деведесет)  стипендии за ученици кои кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија

за учебната 2021/2022 година

 

Министерството за образование и наука ќе додели 390 (триста и деведесет) стипендии за ученици кои кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година.

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:

1- Да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија;

2- Да не повторувале година во текот на образованието;

3- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;        

4- Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Доколку има кандидатите со ист број на бодови, предност ќе имаат оние со повисок успех.

 

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука. од 20.09.2021 до 30.09.2021 година, од 08-16 часот.

Потребните документи за доставување се следните:

1.     Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;

2.     Потврда дека е редовен ученик во учебната 2021/2022 година;

3. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (кандидатите кои аплицираат електронски, да прикачат скенирани оригинални свидетелства)

4. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;

5. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити;

6. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 20.10.2021 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 30.10.2021 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци.

 

 

    

 

 

 

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar