Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повторен конкурс за доделување 900 (деветстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година

Повторен конкурс за доделување 900 (деветстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година

 

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 166/21), и Решението за распишување Конкурс за доделување 1500 (илјада и петстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година бр.19-11186/1 од 26.07.2021 година, Mинистерството за образование и наука распишува

 

П О В Т О Р Е Н   К О Н К У Р С

 

за доделување 900 (деветстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од јавните и  приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година

 

Министерството за образование и наука ќе додели 900 (деветстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од јавните и  приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година.

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:

1- Да се редовни ученици запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година;

2- Да не повторувале година во текот на образованието;

3- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;        

4- Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Доколку има кандидатите со ист број на бодови, предност ќе имаат оние со повисок успех.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука. од 20.09.2021 до 30.09.2021 година, од 08-16 часот.

 

Потребните документи за доставување се следните:

1.     Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;

2.     Потврда дека е редовен ученик во учебната 2021/2022 година;

3.     Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (кандидатите кои аплицираат електронски, да прикачат скенирани оригинални свидетелства)

4.     Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија; 

5.     Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити;

6.     Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 20.10.2021 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 30.10.2021 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци.

 

 

 

 

 

 

 

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar