Царовска на одбележување на 77 години од ослободувањето на Кочани: Чест и задоволство е да се работи исклучиво во интерес на граѓаните и унапредување на општеството

 

Царовска на одбележување на 77 години од ослободувањето на Кочани: Чест и задоволство е да се работи исклучиво во интерес на граѓаните и унапредување на општеството

 

Градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев, вечерва и додели плакета во знак на благодарност на министерката за образование и наука, Мила Царовска, за поддршка во реализацијата на значајни проекти од интерес на граѓаните. Плакетата којашто е највисоко општинско признание и беше врачена на Царовска по повод одбележувањето на 77 години на градот Кочани, на Свечена седница на Советот на општината која се одржа на Споменикот на слободата.

 

 

„Чест и задоволство е да се служи на граѓаните и да се работи исклучително во нивен интерес. Изминатиот период ова го покажавме преку значајни реформски процеси со кои го унапредуваме нашето општество. Дел од овие процеси се социјалната и реформата во детската заштита која ја спроведов како министерка за труд и социјална политика во претходниот мандат, но и реформата којашто сега успешно ја стартувавме во Министерството за образование и наука, со која обезбедуваме квалитетно и современо образование за секое дете“, рече министерката Царовска.