Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година

Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година

 

Врз основа на член 51 став 1 од Закон за научно-истражувачката дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 257/20 и 163/21)и член 4 од Правилникот за начинот и постапката за финансирање на научно-истраќувачки проекти односно програми („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/09, 149/09, 34/11 и 129/13), Министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година

 

1.Корисници

 

1.1  Министерството за образование и наука распределува средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи, како самостојни научни установи кои вршат дејност од висок стратешки и национален интерес за Република Северна Македонија.

1.2  Јавните научни установи кои во тековната година учествуваат на конкурсот за финансирање на годишна програма преку која се финансираат и проекти не може истовремено да учествува и на конкурсот за финансирање на проекти, за ист проект.

1.3  Секоја Јавна научна установа има право да поднесе пријави за финансирање на најмногу три научно-истражувачки проекти.

1.4   Во случај кога Јавна научна установа има поднесено повеќе од една пријава, истата има право за распределба на средства за финансирање на најмногу два научно-истражувачки проекти.

 

2. Истражувачки тим

 

2.1 Истражувачкиот тим на научно-истражувачкиот проект треба да е составен од главен истражувач со научно односно наставно-научно звање кој е вработен во установата, кој е носител на проектот и најмалку уште еден истражувач со наставно-научно звање, како и најмалку два млади истражувачи.

2.2. На овој конкурс еден главен истражувач може да биде истражувач на само еден проект, а еден истражувач може да биде учесник на најмногу два проекти.

 

3. Критериуми за учество на Конкурс

 

3.1. Изјава за согласност на секој учесник од истражувачкиот тим, за нивно учество во проектот.

3.2.Согласност од главниот истражувач дека во рамките на проектот за резултатите од проектот ќе публикува минимум два труда во списание со импакт фактор, списанија евидентирани во меѓународни бази или списанија со меѓународен уредувачки одбор;

      Покрај главниот истражувач и секој од другите учесници од истражувачкиот тим може да поднесе согласност дека во рамките на проектот за резултатите од проектот ќе публикува минимум два труда во списание со импакт фактор, списанија евидентирани во меѓународни бази или списанија со меѓународен уредувачки одбор

3.2. Согласност од директорот на институтот дека:

-          проектот со информација за резиме, цели и резултати ќе бидат презентирани на веб-страницата на Инстутутот и Министерството за образование и наука;

-          во рамките на проектот, истражувањето и резулатите од проектот ќе бидат презентирани на научно-стручен собир, односно настан согласно со научно-истражувачкото подрачје;

-          максималното учество на авторските хонорари ќе изнесува најмногу 50% од вкупната вредност односно вкупните трошоци на проектот  (вкупната вредност на проектот според финасискиот план за проектот и вкупно направените трошоците на проектот за целосна реализација на проектот финансирани преку Министерството за образование и наука);

-          по завршување на проектот да достави финален извештај (финансиски и наративен дел) за реализацијата на проектот;

-          по завршување на проектот да достави финална студија во која се презентираат резултатите од проектот;

-          да обезбеди проектот со информација за резиме, цели и резултати да биде презентиран на веб-страницата на корисникот подносител на Пријавата за финансирање на проект и Министерството за образование и наука, во рок од 30 дена по реализацијата на проектот;

-          по завршување на проектот да обезбеди изјава дека средствата добиени од Министерството за образование и наука за фиансирање на предметниот проект се единствениот извор на средства за плаќање на трошоците за намената за која се префрлени овие средства  како и дека нема неизмирени финанссиски обврски за предметниот проект.

 

4. Финансирање

4.1.Финансирањето на проектот ќе се одвива според утврдена динамика и фазите на проектот.

4.2.Вкупниот износ за финансирање на проект изнесува до 3.000.000 денари, за времетраење на проектот до 3 (три) години, сметајќи ја 2021 година за почетна односно прва година за реализација на проектот и 31 октомври 2023 година за краен рок за реализација на проектот.

4.3.Министерството за образование и наука, средствата за финансирање на проектот ќе ги одобрува за исплата на јавнатата научна установа врз основа на фактички направени трошоци за реализација на проектот, по доставено барање со прилог финансиски и наративен извештај и документација за фактички направените трошоци за реализација на проектот.

4.4.Цената на чинење на проектот ја сочинуваат трошоците за потрошена енергија, материјали и суровини, патни трошоци, дневници, теренски додатоци и други надоместоци за ангажирање на експерти, производни и непроизводни услуги, одржување на опрема, набавка на литература и други трошоци кои се во функција на реализација на проектот (набавка на информатичка и научно-истражувачка опрема, публикување на резултатите од проектот, за објава во списанија, органзирање и учество на научни собири и настани, финална студија и други трошоци).

4.5.Во првата година (2021 година) од реализација на проектот, може да бидат одобрени средства во износ од најмногу 10% од вредноста на проектот, но не повеќе од 200.000 денари.

4.6.Средствата за финансирање на проектите од Конкурсот се обезбедуваат од Буџетот на Министерството за образование и наука, Раздел 16001, Потпрограма 71-Научно истражувачка работа, ставка 464.

 

5.Постапка и рокови за реализација

 

5.1.Конкурсот се објавува и трае 45 дена од денот на објавувањето во средствата за јавно информирање.

5.2. Јавните научни установи доставуваат пријава по Конкурсот за доделување на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти, достапна на веб страницата на Министерството за образование и наука.

5.3.Пријавата се доставува до Комисијата за рангирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година.

5.4.Проектите се оценуваат од независни рецензенти избрани од страна на министерот за образование и наука преку јавен оглас.

5.5.Рецензирањето на проектите се врши врз основа на оценувачките критериуми од точка 6 од Конкурсот, во рок од 15 дена по завршување на рокот за пријавување по Конкурсот.

5.6.Комисија формирана од страна на министерот за образование и наука составува ранг-листа на позитивно оценетите проекти која се објавува на веб страната на Министерството за образование и наука и изготвува предлог одлука за распределба на средства, во рок од 7 дена од денот на добивање на оценетите проекти од страна на рецензентите.

5.7. Комисијата изготвува и доставува Известување до секој подносител на пријава по Конкурсот, за оценка на проектот кое содржи детално образложение за оценка на проектот и известување за финансирање на проектот односно одбивање за финансирање на проектот, како и други релевантни информации од значење за подносителот на пријавата во врска со проектот и финансирањето на проектот.

5.8. При изготвување на ранг-листата и предлог одлуката за распределба на средства, предност ќе имаат оние проекти предложени од главен истражувач кој има објавено најмалку 2 трудови во списанија со импакт фактори во последните три години, како и главен истражувач кој има објавено најмалку 2 трудови во списанија евидентирани во меѓународни бази или списанија со меѓународен уредувачки одбор, а другите средства ќе се распределуваат на оние кои имаат помалку од два или немаат објавено такви трудови.

5.9.Одлуката за финансирање на проектите се донесува од страна на министерот за образование и наука, врз основа на ранг-листата на позитивно оценетите проекти, предлог-одлуката за распределба на средства и расположливите средства во Буџетот на Република Македонија.

5.10.        Министерот за образование и наука и Јавната научна установа потпишуваат договор за финансирање на научно-истражувачки проекти во кој се дефинирани сите обврски од проектот во рок од 7 (седум) дена од денот на донесување на Одлуката за финансирање на проектите.

5.11.        Во текот на реализација на проектот, договорот за финансирање на научно-истражувачкиот проект, може да се измени и дополнува во рамките на одобрените финансиски средства за реализација на проектот утврдени во договорот, до таа мера што нема да има влијае врз резултатите на проектот.

5.12.         За измени и дополнувања на договорот оценува Комисија формирана од министерот за образоваие и наука, по доставено Барање за измена и дополнување на договорот од Јавната научна установа.

 

6. Оценувачки критериуми

 

6.1. Критериуми по кои се врши оценувањето на предлог-проектот се:

 

-          придонес на проектот во продлабочување и проширување на научните знаења;

-          оригиналност на целите и предметот на истражувањето;

-          актуелност, релевантност, иновативност, впечатливост на целите и предметот на истражување;

-          детално разработени цели и активности од проектот со јасни и мерливи индикатори;

-          веројатност во постигнување на очекуваните резултати и можности за примена на резултатите во реална временска рамка;

-          компетентност на главниот истажувач и предложениот истражувачки тим;

-          вклученост и оспособување на млади научно истражувачки кадри;

-          исполнетост на материјално технички и други инфраструктурни услови за реализација на проектот;

-          детално разработен финансиски план за потребните средства за реализација на проектот и оправданост и реалност на трошоците во предложениот финансиски план потребни за реализација на проектот;

-          конкурентност на проектот за меѓународна соработка; и

-          релевантност на проектот за меѓународна соработка

6.2. Секој од наведените оценувачки критериуми, независни рецензенти ги вреднуваат со оценка од 1 (најмала вредност) до 5 (најголема вредност). Проектот е позитивно оценет доколу добил средна оценка најмалку 3,5.

 

7.      Оценување на резултатите на проектот

(евалуација на проектот)

 

7.1.Во текот на реализација на проектот се доставуваат наративни и финансиски извештаи за реализација на проектот.

7.2.Евалуацијата на реализираните проекти ја прават најмалку двајца рецензенти, од кои еден е рецензентот кој го бодувал предлог-проектот. Во случај на спреченост на рецензентот кој го бодувал проектот, се избира нов рецензент.

7.3.Рецензентите даваат оценка за следниве компоненти: исполнетоста на условите/обврските од согласноста од точка 4.2 од Конкурсот и исполнетоста на дадените податоци и информации од пријавата за критериумите по кои се извршило оценувањето (бодирањето), научен карактер на финалната студија, реализираност на предложените цели на проектот, употреба на предложената методологија, релевантност на добиените резултати, вклученост на предложениот тим, трошење на средствата според одобрениот буџет и финансискиот и наративниот извештај.

7.4.Максималната оценка за остварување на резултатите на проектот изнесува 5.

7.5.Независно од оценката за севкупните отварувања на резултатите, доколку при оценка на резултатите од проектот, во финансискиот и наративниот извештај има отстапувања од фактичката состојба, главниот истражувач нема публикувано минимум два труда во списанија со импакт фактор, списанија евидентирани во меѓународни бази или списанија со меѓународен уредувачки одбор, нема финална студија за презентација на резултатите од проектот а истражувањето и резулатите од проектот не се презентирани на научно-стручен собир, односно настан согласно со научно-истражувачкото подрачје, оценката на резултатите на проектот не може да биде 3,5 или поголема.

7.6.Рецензентите за утврдената оценка даваат детално образложение за истата и наведуваат детални забелешки во случај на остапувања, а задолжително во случај на оценка на проектот со оценка од 3,5 и помалку.

7.7.За забелешките од рецензентите Министерството за образование и наука писмено го известува корисникот за постапување по забелешките во рок од 30 дена по добивање на известувањето од Министерството за образование и наука.

 

8. Доставување на Пријави за Конкурсот

8.1.Пријавите за научно-истражувачки проекти, се доставуваат во пишана форма во Писарницата на Министетрството за образование и наука, на улица „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, Скопје,  до 20.09.2021 година најдоцна до 16:00 часот.

8.2. Пријавата и прилозите од точка 4 од овој Конкурс задолжително се доставуваат во коверт, во два примероци, со назнака:

-          до Комисијата за рангирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи

-          Пријава за „Конкурс за распределба на средства за финансирање на научно-истражувачки проекти на Јавните научни установи за 2021 година”.

8.3. Пријавите со непотполни податоци и нецелосна документација,  пријави пополнети на несоодветен образец, пријави и документи кои не се верификувани со потпис и со печат (како што е означено во пријавата и документите), како и оние што нема да бидат доставени во наведениот рок, нема да бидат разгледувани.

8.4.  Подносителите на пријавите ќе бидат известени за резултатите од конкурсот најдоцна       30 дена по завршување на рокот за пријавување.

8.5.  Резултатите од Конкурсот, ќе бидат објавени на Официјалниот веб портал на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk.

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar