Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022

Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022

 

Врз основа член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 166/21), и Решението за распишување Конкурс за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022 година бр. бр.19-11176/1 од 26.07.2021 година Министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување 50 (педесет) стипендии за ученици – деца без родители

од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2021/2022

 

Министерството за образование и наука за учебната 2021/2022 година ќе доделува 50 (педесет) стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале најмалку добар успех;

2. Да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале најмалку добар успех;

3. Да имаат потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители;

4. Да не повторувале година во текот на образованието;

5. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

6. Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериуми за доделување на стипендиите се остварениот успех.                

           

II. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука од 01.09.2021 до 15.09.2021 година, од 08 до 16 часот.

 

Потребни документи се следните:

1.    Евидентен лист; само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;

2.    Потврда дека е редовен ученик во учебната 2021/2022 година;

3. Копии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (кандидатите кои аплицираат електронски, да прикачат скенирани оригинални свидетелства)

4. Потврда од надлежен Центар за социјални грижи, потврда од домот каде што е згрижен или друга соодветна документација со која ќе докажат дека се деца без родители;

5. Изјава потпишана од старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16), ќе го обезбеди следниот документ:

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и ненавремено доставена.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 10.10.2021 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 20.10.2021 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Стипендијата се исплатува во траење од девет (9) месеци, и тоа во висина од 3.500,00 денари месечно.

 

ЗАБЕЛЕШКА: Сите кандидати кои ќе доставуваат документи во хартија задолжително треба да достават и копија од лична трансакциска сметка, во спротивно пријавата нема да биде прифатена.

 

 

 

 

            

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar