Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Услугите од граѓанските организации се важна поддршка во зачувувањето на менталното здравје на децата и младите

Услугите од граѓанските организации се важна поддршка во зачувувањето на менталното здравје на децата и младите

 

Услугите од граѓанските организации се важна поддршка во зачувувањето на менталното здравје на децата и младите

 

Сервисите кои се развиваат од граѓанските организации и здруженија, а чија цел е пружање прва психолошка поддршка на децата, младите и граѓаните, се секогаш добредојден ресурс и поддршка за сочувување на целокупното ментално здравје, кон што сите заеднички се стремиме. Затоа ја поздравувам иницијативата на Црвениот крст што ја препозна потребата од отварање на Центар за прва психолошка и психосоцијална поддршка на граѓаните. Ова го истакна Душан Томшиќ, советник во Министерството за образование и наука, на денешната дебата по повод отворањето на центарот.


Томшиќ потенцираше дека пандемијата со која се соочуваме само не потсети на сериозната потреба за зачувување на менталното здравје на децата и учениците и што можеме да направиме во врска со тоа.

 

„Менталното здравје е исто толку важно како и самиот образовен процес, а училиштата и предучилишните установи се места каде децата го поминуваат најголемиот дел од времето и тоа ни дава обврска во нив да овозможиме услови децата и младите да развиваат здрав начин на размислување и да изградат здрав однос кон себе и кон околината. Затоа создадеме образовен систем во кој психолозите во училиштата почесто ќе работат со учениците со што ќе ја промениме погрешната перцепција дека стручните служби служат за дисциплинирање на учениците поради некое неприфатливо однесување . Се додека не ја смениме оваа перцепција, не можеме да зборуваме за заштита на менталното здравје, бидејќи тоа се учи од најрана возраст“, рече Томшиќ.


Томшиќ посочи дека МОН ги јакне и капацитетите на психолозите и стручните работници во  училиштата, кои освен што се важни за обезбедување на квалитетен воспитно-образовен процес, се и стожер во сочувувањето на менталното здравје на учениците.  Организирани се вебинари на тема „Совети и добри практики од работата на психолозите во основните училишта“ на кои се  зборуваше за промоција и превенција на менталното здравје во училиштата во услови на пандемија.

Дополнително Министерствата за образование и наука, за здравство и за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија веќе имаат воспоставено линија за помош на децата, младите и нивните родители, но исто така важно е и зголемувањето на воннаставните активности со новата Концепција за основно образование со што се поттикнува креативноста кај децата, се зголемуваат спортските, културните и забавните активности во рамките на училиштата со што се допринесува во зачувувањето на менталното здравје кај учениците.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar