Министерство за образование и наука

  / Банери / Одговори на најчесто поставувани прашања за субвенциониран студентски оброк

Одговори на најчесто поставувани прашања за субвенциониран студентски оброк

 


Кој ќе има право да го користи субвенционираниот студентски оброк?

Право на користење на финансиската поддршка за субвенциониран студентски оброк имаат сите редовни студенти на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на Република Северна Македонија. Освен овој услов за да се стекнат со финансиската поддршка, студентите треба да ги исполнуваат и следните услови:


-да не се во редовен работен однос,


-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци


-да немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната нето-плата во тековната година.



Од кога ќе почне и како ќе се исплаќа субвенционираниот студентски оброк?

Министерството за образование и наука почнувајќи од октомври годинава, ќе започне да исплаќа месечно по 2.400 денари како поддршка за оброк на студентите. Средствата од страна на МОН се префрлаат на почетокот на месецот на трансакциските сметки на сите студенти кои ги исполнуваат условите за остварување на ова право, за што претходно ќе треба да аплицираат. За начинот и постапката за аплицирање МОН дополнително и навремено ќе ја информира јавноста.

 

Финансиската поддршка не е предвидено да се исплаќа во периодот на летниот распуст од 1 јули до 14 септември.

 

Според пресметките финансиска поддршка се предвидува за околу 40.000 студенти кои ќе го користат ова права, за што, на годишно ниво се обезбедени околу 15 милиони евра.

Каде ќе може да се плаќа со средствата од субвенционираниот студентски оброк?

Со тоа што парите ќе се уплаќаат на трансакциска сметка на студентите тие ќе може да се користат за купување на добра и услуги кај сите трговци. Оваа новина е предвидена поради пандемијата и евентуалните рестриктивни мерки на есен. Првично усвоеното законско решение, предвидуваше средствата да се користат исклучиво во угостителски објекти. Но, со предлог закон е направена измена - средствата да се користат кај било кој трговец, секако со препорака да бидат наменети за набавка на храна. Сега мерките се релаксирани и угостителските објекти работат, но не знаме што ќе се случува во наредните месеци кога можеби ќе имаме нови рестриктивни мерките, а токму тогаш студентите ќе ги добиваат средствата. Затоа со законските измени овозможуваме ова право да се оствари независно од пандемијата и оброците да се обезбедуваат и од продавници.


Што претставува студентски субвенциониран оброк?


Воведувањето на студентскиот субвенциониран оброк е дел од владината програма, со што обезбедуваме значителна поддршка за младите и го подигаме студентскиот стандард. Нашата цел, како Влада која се грижи за младите е да го олесниме  животот на студентите и да им овозможиме фокусирање на суштината на образовниот процес – тоа е стекнувањето знаење, а помалку на предизвици од друга природа, како што се материјалните.


МОН заедно со младите продолжува да креира мерки и политики и да спроведува процеси кои се во интерес на младите и нивната иднина.

 

 

Банери

Back to top
Close Offcanvas Sidebar