Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Царовска присуствуваше на промоцијата на нова генерација дипломирани студенти на Штуловиот универзитет

Царовска присуствуваше на промоцијата на нова генерација дипломирани студенти на Штуловиот универзитет

 

Царовска присуствуваше на промоцијата на нова генерација дипломирани студенти на Штуловиот универзитет

 

Со денешното доделување на дипломи на Универзитетот на Југоисточна Европа, Северна Македонија добива нов, свеж академски кадар кој, уверена сум дека ги поседува сите неопходни вештини и способности не само да се вклучи во функционирањето на општеството, туку да биде и креатор на потребните промени и да го забрза севкупниот општествено економски напредок на држава. Дипломите се резултат на личните заложби на секој студент, но и потврда на макотрпноста на наставниот кадар. Ова го истакна министерката за образование и наука Мила Царовска на денешното промовирање на нова генерација дипломци на универзитетот лоциран во Тетово.

„Верувам дека секој од вас лесно ќе може да дојде до посакуваниот работен ангажман, или пак, ќе креира и оствари сопствена идеја за бизнис, што уште повеќе ќе ме радува, бидејќи на Северна Македонија и се потребни млади креативни луѓе, луѓе со идеи и претприемачки дух. Тоа е заедничка цел и на високообразовните установи и на институциите на системот кои ги креираат образовните политики и го стимулираат развојот на младите и остварувањето на нивниот полн потенцијал“, рече Царовска.

Министерката посочи дека студентите имаат стекнато и добра основа за понатамошна образовна надградба преку упис на следен циклус на студии. И, како што рече, тоа е добра опција исто како и одлуката за брзо вклучување на пазарот на трудот, ако се има предвид дека образованието не е чин, туку доживотен процес преку кој постојано се надградуваме и напредуваме на личен и професионален план.

„Всушност, тоа е и мојот совет до сите дипломци присутни на оваа церемонија. Поставувајте си цели и трудете се да ги исполнувате. Вработете се, бидејќи економската независност од семејството и финансиската стабилност се драгоцени работи за секој човек, а особено за младиот. Но, најдете време и да продолжите да се едуцирате, било тоа да е преку вклученост во формалниот образовен систем на повисок степен од овој што сте го достигнале, или пак преку неформалниот. Само така ќе прераснете во уште поголеми луѓе од тоа што сте денес“, истакна Царовска.

[ сабота, 12 јуни 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar