Царовска: Американскиот мировен корпус продолжува да придонесува за развој на нашиот национален образовен систем

 

Царовска: Американскиот мировен корпус продолжува да придонесува за развој на нашиот национален образовен систем

 

Американскиот мировен корпус продолжува да ги поддржува заложбите на Владата и да дава свој придонес кон развојот на општеството и сите негови сегменти, а особено преку поддршка на политиките за унапредување на квалитетот на воспитно – образовниот процес во училиштата, со акцент на инклузивното образование и изучувањето на англискиот јазик. Северна Македонија е благодарна за партнерството и за можноста волонтерите на оваа организација да го вложат своето искуство во градењето на што поквалитетни и современи генерации на ученици.