Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Конкурс за доделување на еднократни финансиски средства за објавен научно - истражувачки труд за 2020 година

Конкурс за доделување на еднократни финансиски средства за објавен научно - истражувачки труд за 2020 година

 

Врз основа на член 50 од Законот за научнo-истражувачка дејност („Службен весник на Република Македонија“ бр.46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15, 154/15, 30/16 и 53/16) и член 2 став (1) од Правилникот за остварување на правото на еднократна награда за објавување на научен труд и за надомест на средствата платени за објавување на трудови („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/18), министерството за образование и наука објавува

 

КОНКУРС

ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ЕДНОКРАТНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ЗА ОБЈАВЕН НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКИ ТРУД ЗА 2020 ГОДИНА

 

            1. Министерството за образование и наука објавува јавен конкурс за доделување еднократна награда во висина на една просечна нето плата исплатена во последниот месец во Република Северна Македонија на наставниците и соработниците избрани на високообразовните/научните установи во Република Северна Македонија (во натамошниот текст: авторите), кои претходната година објавиле научен труд во списанија со фактор на влијание, реферирани во базите Web of Science на Clarivate Analytics (предходно на Thomson Reuters) или CiteScore на Scopus од Elsevier.

2. Јавниот конкурс се однесува за труд објавен во 2020 година.

            3. Министерството го задржува правото за дополнителен избор доколку се пријават повеќе од предвидениот број трудови за коишто ќе се доделат одредени средства, како и да додели помал број на еднократни финансиски средства од предвидените.

4.Министерството ќе доделува финансиски средства на авторот, односно авторите на трудот, врз основа на изјава на авторите на трудот за процентуалната распределба на средствата која се доставува до Министерството за образование и наука по објавувањето на конечната листа за финансирање на интернет страницата на Министерството за образование и наука: mon.gov.mk.

            5. Барањето со пропратната документација ја поднесува субјектот за вршење на научно-истражувачка дејност во кој е вработен авторот на домашен научно-истражувачки труд објавен во меѓународно научно списание.

            6. Авторот/авторите кои аплицираат на овој конкурс се согласуваат:

-        да се регистрирани (пред да аплицираат) во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил;

- да го објават наградениот научно-истражувачки труд (согласно авторските права на издавачот) во репозиториумот на матичниот факултет/универзитет најдоцна во рок од три месеца по објавувањето на конечната листа за финансирање на интернет страницата на Министерството за образование и наука;

- трудот, исто така, треба да биде вклучен во Репрезентативната или Персоналната библиографија на авторот во националниот E-CRIS.МК систем;

 Линк за E-CRIS.МК: https://e-cris.mk.cobiss.net/public/jqm/cris.aspx?lang=mac&opdescr=home&opt=1;

               Потребни документи за пријавување на Конкурсот се:

            -  Пополнетo барање, во еден примерок,

            - копија од објавениот труд од домашен(ни) автор(и) во списанија реферирани во базите Web of Science или Scopus, во еден примерок;

            - копија од страницата на списанието кадешто е наведен насловот, годината и бројот на списанието, уредувачкиот одбор и издавачот на списанието во кое е објавен трудот, во еден примерок;

            - уверение за државјанство на Република Северна Македонија на авторот/авторите

            -    потврда за избор во наставно, соработничко или научно звање:

            -    Изјава за користење лични податоци.

            7. Јавниот конкурс трае до 15 јули 2021 година. Ненавремено или некомплетно барање нема да се разгледува.

8. При рангирањето на трудовите прво се рангираат трудовите објавени во списанија реферирани во базата Web of Science на Clarivate Analytics, при што се зема во предвид висината на факторот на влијание на списанието каде што е објавен трудот.

9. Секоја година се финансираат најмногу 50 трудови од секое од шесте научно-истражувачки полиња според класификацијата FRASCATI. Доколку за одредено научно-истражувачко поле не се рангираат за финансирање 50 трудови, останатите средства можат да бидат распределени за финансирање на дополнителен број трудови од друго научно-истражувачко поле, за што на предлог на комисијата, одлучува министерот.

10. Еднократните финансиски средства за оваа намена ќе се обезбедат со средства од Буџетот на Република Северна Македонија.

 

Документите кои се доставуваат по основ на конкурсот со назнака „Конкурс за доделување на еднократни финансиски средства за објавен научно-истражувачки труд за 2020 година“, да се достават на следнава адреса или во писарницата на:

Министерство за образование и наука

Ул.”Св.Кирил и Методиј” бр.54 1000 Скопје

Дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во Министерството за образование и наука

Контакт лице: Александар Петров телефон  02/3140-189 и

e-mail: aleksandar.petrov@mon.gov.mk, канцеларија 1405

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar