Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Вести и настани / Австриска стипендија за пост-докторанди

Австриска стипендија за пост-докторанди

 

Амбасадата на Република Австрија во Скопје известува дека австриската Академија на науките преку програмата за мобилност “Joint Excellence in Science and Humanities (JESH)  нуди можност за стипендија за пост-докторанди, при што во рамки на истражувачкиот престој стипендистите можат да воспостават научна соработка во Австрија, како и во други 55 земји во фокусот (JESH Outcoming). За програмата можат да се пријават пост-докторанди до 10 години од завршување на нивните докторски студии.

Престоите за истражување се финансираат за период од еден до шест месеци.

Напомена: JESH прифаќа само индивидуални апликации.

Крајниот рок за пријавување е 20 мај 2021 година.

Повеќе информации во врска со конкурсот за стипендијата „Joint Excellence in Science and Humanities (JESH) можат да се најдат на веб страницата: https://stipendien.oeaw.ac.at/stipendien/jesh.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar