УНЕСКО ги поканува државите – членки да достават предлози за кандидат за наградата Калинга за популаризација на науката за 2021 година. Подетални информации за процесот на номинација се дадени на следниот линк: https://en.unesco.org/prizes/kalinga, со напомена дека секоја држава - членка може да номинира само по еден кандидат.
За евентуалниот кандидат од Република Северна Македонија за оваа награда, треба да се информира Националната комисија за УНЕСКО најдоцна до 5 мај 2021 година, со цел да биде испочитуван наведениот термин за доставување на кандидатурата до УНЕСКО - 17 мај 2021 година.
Повик на УНЕСКО за номинација за доделување на Калинга - награда за популаризација на науката за 2021 година