Министерството за образование и наука информира дека Министерството за надворешни работи на Романија започна програма за стипендирање на странски државјани за академската 2021/2022 година.
Стипендиите ќе бидат наменети за странските државјани кои доаѓаат од земјите кои не се членки на ЕУ, за додипломски, магистерски и докторски студии од сите области, со исклучок на медицина, стоматологија и фармација.
Сите потребни информации заинтересираните кандидати ќе можат да ги најдат на официјалната веб-страница на Министерството за надворешни работи на Романија: https://www.mae.ro/en/node/10251
Апликациите ќе можат да ги достават во електронска форма до Амбасадата на Романија во Скопје skopje@mae.ro или до Амбасадата на Република Северна Македонија во Букурешт, најдоцна до 30 април 2021 година.