Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Стипендии за додипломски, магистерски и докторски студии во Турција за академската 2021/2022 година

Стипендии за додипломски, магистерски и докторски студии во Турција за академската 2021/2022 година

 

 

Амбасадата на Република Турција во Скопје известува за повик за аплицирање на студенти од Република Северна Македонија, за стипендии во рамки на програмата "Turkiye Scholarships" за академската 2021/22 година.

 

Заинтересираните кандидати можат да аплицираат за стипендија наменета за додипломски, магистерски или докторски студии, непосредно и индивидуално преку следната веб страница: www.turkiyeburslari.gov.tr каде што можат да се најдат и сите потребни информации во врска со повикот.

 

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 20 февруари 2021 година.

 

[ среда, 13 јануари 2021 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar