Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии за спроведување на целосен курс за докторат на високообразовните институции во Бразил

Стипендии за спроведување на целосен курс за докторат на високообразовните институции во Бразил

 

 

Амбасадата на Федеративната Република Бразил во Софија достави известување по дипломатски пат, со кое информира дека “Координацијата за подобрување на персоналот во високото образование“ (CAPES) има објавено понуда за 50 стипендии за спроведување на целосен курс за докторат на бразилските високообразовни институции, во рамки на Договорот за последипломска студентска програма (PEC-PC), за прием во 2021 година.

 

Подетални информации во врска со аплицирањето може да се најдат следната интернет страница: http://www.inscricao.capes.gov.br

 

Во прилог e Нотата од Амбасадата на Федеративната Република Бразил во Софија, заради запознавање со  општите  условите и начинот на аплицирање за овие стипендии.

 

 

[ понеделник, 11 јануари 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar