Министерство за образование и наука на Република Северна Македонија

  / Вести и настани / Царовска: Реформите ќе се прават постепено, сите ќе имаат можност да вклучат во процесот

Царовска: Реформите ќе се прават постепено, сите ќе имаат можност да вклучат во процесот

 

Царовска: Реформите ќе се прават постепено, сите ќе имаат можност да вклучат во процесот

 

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес одговарајќи на новинарско прашање во врска со коментарите за нацрт концепцијата рече дека голем дел од академската јавност и наставници стојат зад новата нацрт концепција за основно образование и дека во овој процес не е сама. Царовски посочи дека е очекувано во нашата држава кога се случува голема реформа којашто е значајна да се има спротивставени ставови.

„Сите коментари се добредојдени и се добронамерни и секако дека тие што се издржани и се на место ќе ги земеме во предвид. Оваа реформа ќе значи квалитет во образование за сите деца коишто се во системот и за оние коишто влегуваат. Со реформите одиме полека затоа што влегуваме во две одделенија од целата деветолетка, односно не правиме радикални чекори како што се правело претходно, туку концепцијата  постепено ќе се внесува до деветто одделение. Сите имаат можност да го видат и да го прочитаат документот, ниту еден наставник нема да остане без работа, влегуваме етапно и постепено за да гарантираме квалитет и за секоја наредна учиме од претходната година и за да можеме да ги вклучиме сите засегнати страни коишто имаат одредено мислење. Овој концепт на учење го подготвуваат педагози, психолози и наставници од настава, за да може врз основа на него да се изградат наставни програми во коишто ќе учествуваат сите релевантни страни. Во наставните програми за општествени науки ќе учествуваат историчари, социолози, географичари, за оние по природни науки, математичари, хемичари, биолози, физичари“, рече Царовска.

Царовска истакна дека добро е да се има спротивставени ставови, коментари и предлози коишто се конструктивни во врска со предложената концепција , но не и отфрлање на истата.

„Отфрлање значи дека истовремено треба да понудите сосема нов концепт. Овој концепт е меѓународен и не е нешто што во светот не се случува и ние како држава за прв пат го воведуваме. Да не заборавиме дека во земјите кадешто се спроведува ваквиот начин на учење тие имаат највисоки резултати на меѓународните тестирања, високо се на скалата на знаење и имаат продуктивност на нивните граѓани“, рече министерката.

[ понеделник, 04 јануари 2021 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar