Царовска во посета на ПМФ: Науката мора да се развива, обезбедивме согласности за нови вработувања на институтите

 

Царовска во посета на ПМФ: Науката мора да се развива, обезбедивме согласности за нови вработувања на институтите

 

Министерството за образование и наука оваа година има 12 отсто повисок буџет за наука, но исто така ќе продолжи да инвестира и во научен кадар, рече министерката Мила Царовска, по денешната посета на Ботаничката градина при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Тоа за што дискутиравме и во Министерството пред некој месец, беше дека им недостига човечки потенцијал. За да создаваат наука, да може да се развиваат, потребни им се луѓе, потребни се научници коишто од претходни студенти ќе станат дел од академскиот свет и понатаму ќе ја развиваат науката. И токму затоа, заедно со Министерството за финансии, со премиерот Зоран Заев, успеавме да обезбедиме согласности, со цел тие да остварат вработување но и понатаму да вложуваат. Затоа што науката мора да се развива. Со години имавме застој во вложувањата, и во човечкиот потенцијал којшто треба да создава наука, но и финансиски инвестиции за да може да се учествува и на меѓународни и на домашни научни проекти. Токму затоа, во Буџетот на Министерството за 2021 година има 12 проценти повеќе финансиски средства за наука“, изјави министерката Царовска.