Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен повик до наставниците во основните училишта за доставување на барања за напредување во звање наставник-ментор

Јавен повик до наставниците во основните училишта за доставување на барања за напредување во звање наставник-ментор

 

Јавен повик до наставниците во основните училишта за доставување на барања за напредување во звање наставник-ментор

 

Најважната алка во воспитно – образовниот процес се наставниците. Од нив, најмногу зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат низ училишните клупи. Свесни за оваа вистина, Владата на Република Северна Македонија и Министерството за образование и наука во Планот за темелна реформа на националниот образовен систем, покрај бројните промени во сите сегменти на сферата, предвидоа и низа системски мерки кои директно ќе влијаат на личната мотивација на наставниците за работа и ќе придонесат за подигнување на дигнитетот и општествената важност на просветителската дејност.

Една од тие мерки произлегува од новиот Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта и предвидува можност за кариерен напредок во звања (ментор и советник) по исполнувањето на одредени пропишани услови и за тоа наставникот, односно стручниот соработник во иднина добива соодветен дополнителен паричен надоместок како дел од личниот доход од работниот ангажман.

Имплементацијата на оваа мерка започнува на самиот почеток на календарската 2021 година и ова е првиот јавен повик објавен за таа цел.

Ги повикуваме сите наставници од јавните основни училишта да го разгледаат повикот и доколку ги исполнуваат условите за аплицирање, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок и да го остварат своето законско утврдено право за напредување во звање ментор.

Врз основа на член 33 став (2) од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република  Северна Македонија” бр.161/19), Министерството за образование и наука објавува

ЈАВЕН ПОВИК

до наставниците во основните училишта за доставување на барања за напредување во звање наставник-ментор

1. Јавниот повик се објавува согласно член 33 став (2) од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 161/19), а врз основа на Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за давање на согласност за донесување на Решението за определување на бројот на наставници во основните училишта кои можат да се стекнат со звања наставник-ментор за секоја општина и општина во градот Скопје, за фискалната 2021 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.313/20) и Решението за определување на бројот на наставници во основните училишта кои можат да се стекнат со звања наставник-ментор за секоја општина и општина во градот Скопје, за фискалната 2021 година бр. 18-15212/1 од 28.12.2020 година.

2. Бројот на наставници кои може да се стекнат со звања наставник-ментор во основни училишта во секоја општина и општина во градот Скопје се определува, и тоа:

1. Општина Битола за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 13 наставници.

2. Општина Делчево за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

3. Општина Долнени за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 7 наставници.

4. Општина Зрновци за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

5. Општина Конче за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

6. Општина Кратово за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

7. Општина Кривогаштани за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

8. Општина Крушево за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

9. Општина Лозово за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

10. Општина Могила за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

11. Општина Пробиштип за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

12. Општина Радовиш за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 5 наставници.

13. Општина Ранковце за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

14. Општина Ресен за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 5 наставници.

15. Општина Свети Николе за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

16. Општина Старо Нагоричане за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

17. Општина Центар Жупа за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

18. Општина Чаир за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 11 наставници.

19. Општина Чешиново Облешево за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

20. Општина Врапчиште за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 4 наставници.

21. Општина Ѓорче Петров за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 6 наставници.

22. Општина Кисела Вода за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 9 наставници.

23. Општина Кичево за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 9 наставници.

24. Општина Липково за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 7 наставници.

25. Општина Студеничани за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

26. Општина Бутел за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 7 наставници.

27. Општина Валандово за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

28. Општина Велес за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 8 наставници.

29. Општина Кочани за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 6 наставници.

30. Општина Неготино за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

31. Општина Ново Село за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

32. Општина Охрид за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 9 наставници.

33. Општина Сарај за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 8 наставници.

34. Општина Струга за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 11 наставници.

35. Општина Струмица за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 10 наставници.

36. Општина Богданци за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

37. Општина Брвеница за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

38. Општина Виница за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 4 наставници.

39. Општина Гевгелија за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 5 наставници.

40. Општина Гостивар за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 11 наставници.

41. Општина Дебар за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

42. Општина Дојран за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

43. Општина Јегуновце за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

44. Општина Карпош за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 10 наставници.

45. Општина Крива Паланка за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

46. Општина Маврово и Ростуше за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 4 наставници.

47. Општина Арачиново за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

48. Општина Боговиње за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 6 наставници.

49. Општина Кавадарци за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 7 наставници.

50. Општина Куманово за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 17 наставници.

51. Општина Петровец за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

52. Општина Пласница за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

53. Општина Прилеп за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 11 наставници.

54. Општина Чучер Сандево за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

55. Општина Шуто Оризари за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

56. Општина Аеродром за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 8 наставници.

57. Општина Босилово за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

58. Општина Василево за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

59. Општина Вевчани за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

60. Општина Градско за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

61. Општина Дебрца за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

62. Општина Демир Капија за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставници.

63. Општина Желино за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 6 наставници.

64. Општина Зелениково за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

65. Општина Илинден за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

66. Општина Карбинци за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

67. Општина Новаци за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

68. Општина Пехчево за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

69. Општина Сопиште за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

70. Општина Теарце за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 5 наставници.

71. Општина Тетово за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 12 наставници.

72. Општина Чашка за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

73. Општина Берово за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 2 наставници.

74. Општина Гази Баба за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 11 наставници.

75. Општина Демир Хисар за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 3 наставници.

76. Општина Македонска Каменица за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

77. Општина Македонски Брод за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

78. Општина Росоман за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 1 наставник.

79. Општина Центар за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 8 наставници.

80. Општина Штип за секое основно училиште на нејзиното подрачје, по еден наставник или вкупно 5 наставници.

 

3. Наставник може да поднесе барање за напредување во звање наставник-ментор доколку:

- има најмалку седум години работно искуство како наставник, 

- е вработен на неопределено работно време и

- ги исполнува професионалните стандарди за наставник-ментор.

 

4. Барањето за напредување во звање наставник-ментор се доставува до Министерството за образование и наука, преку електронска апликација на интернет страницата на Министерството на следниот линк https://karierenrazvoj.mon.gov.mk

 

5. Образецот на барањето од точката 4 се пополнува на електронската апликација на интернет страницата на Министерството за образование и наука  https://karierenrazvoj.mon.gov.mk и ги содржи следниве податоци: 

- име и презиме на подносителот на барање; 

- училиште во кое работи и општина; 

- работно место на кое е вработен на неопределено работно време (доказ: решение/нија за распоредување на работно место); 

- звање за кое аплицира;

- работно искуство (доказ: извештај од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Северна Македонија за остварен работен стаж на наставникот);

 - вид на стекнато образование (доказ: диплома или уверение за завршено соодветно образование или копија заверена на нотар); 

- обуки, научно-стручни конференции, конгреси, симпозиуми, авторство, учество во активности за подобрување на наставата и награди и признанија; 

- професионална пракса за стекнати компетенции.

 

6. Подносителот на барањето приложува соодветни докази, во електронска форма во електронската апликација https://karierenrazvoj.mon.gov.mk на интернет страницата на Министерството за образование и наука за податоците од точка 5 алинеи 3, 5, 6, 7 и 8.

 

7. Ако барањето од точката 5 е доставено без комплетната документација, подносителот на барањето се известува и е должен да ја комплетира документацијата во рок од седум дена од денот на приемот на известувањето.

 

8. Поднесувањето на барањата за напредување во звање наставник-ментор се поднесува најдоцна до 21 јануари 2021 година. Секое барање поднесено по овој датум нема да се разгледува и рангира.

 

9. Комисиите за проверка на исполнетоста на професионалните стандарди за звањето наставник-ментор вршат проверка на поднесените барања и документација, најдоцна до 10 февруари 2021 година.

 

 

Упатство за аплицирање

 

[ понеделник, 04 јануари 2021 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar